Peach Army Hero: Снежана Трајаноска

Снежана Трајаноска

Погледни ја инспиративната приказна на Снежана во видеото подолу. 

Ана Стојанова: Снеже здраво и фала ти многу што се нафати да дојдеш кај мене дома, огромна ми е честа што си тука и што ќе ја споделиш својата приказна со девојките од армијата.

Снежана Трајаноска: Здраво Ана честа е моја затоа што чест е да се биде гостин кај тебе и да се присуствува на ваков еден настан.

Ана Стојанова: Денеска ќе им споделиш на девојките нели која е твојата приказна, пред да се случи нели тоа  сакам накратко да им кажеш која си ти, од каде доаѓаш, како се викаш, колку години имаш?

Снежана Трајаноска: Снежана Трајаноска од Тетово сум имам 36 скоро 37 години, магистер по еконимија,  имам приватен бизнис сметководствени услуги, сопруга мајка, на програмата се пријавив како и сите за намалување на телесната тежина како и од здравствени причини. Имам намалено до сега околу 20 нешто повеќе од 20 килограми, и сум презадоволно но меѓутоа не застануваме тука имаме уште многу за работа.

Ана Стојанова: Така,колку време се приклучи во програмите?

Снежана Трајаноска: Мојот прв обид беше во 2019 на летниот предизвик, меѓутоа поради здравствени причини не можев да го истерам целиот предизвик и тука стопирав. На армијата се приклучив со сите сили во 2020 на летниот предизвик, и од тогаш наваму немам предизвик или програма што ја имам пропуштено значи на сите сум присутна.

Ана Стојанова: Дали килограмите кажа имаш здравствени причини, дали повише се приклучи заради тоа да се подобри здравствената слика, или килограмите беа мотивот?

Снежана Трајаноска: Килограмите беа пресудни и менталното здравје затоа што незадоволството од самиот изглед предизвикува проблеми.

Ана Стојанова: Кога ги виде програмите дали имаше пречка или двоумење пред да се вклучиш во армијата? Затоа те прашувам ова од причина  што многу жени и девојки кога дошле кај нас во армијата они или имаат пробано многу диети предходно па не се задоволни. Затоа ме интересира која беше причината кога ти рече ова е тоа?

Снежана Трајаноска: Вака значи предходно нема диета која ја немам пробано, дури и суплементи за слабеење што тоа е само фарса. Ништо од тоа немаше успех, и да имаше некој мал незначителен успех се се враќаше како јојо ефект. За твојава програма ќерка ми ме насочи ми даде предлог дека е нешто добро, бидејќи ми покажа и трансформации на жени што нели што биле на програмата и стварно бев вчудоневидена,меѓутоа кога ја погледнав исхраната викам нема шанси со толку јадење да се слабее затоа што јас до тогаш ни два оброци  не ми се сврзуваа во денот и бев константно гладна и нервозна.И никако не слабеев, а сега викам со толку храна да се слабее, малце не ми беше јасно.

Ана Стојанова: Значи беше она скептична.

Снежана Трајаноска: Ќе пробам ама нема ништо и од ова да биде, пресудно за да присуствувам на програмата и да бидам агилна беше разговорот со тебе Ана, затоа што ти пишав што се кој проблеми здравствени ги имам и што се сакам да постигнам со намера дека ќе пишам и на тоа ќе остане, ама не очекував да ми вратиш толку брзо и толку реално како другарки од средно.

Ана Стојанова: Се трудам да биде таков односот затоа што и јас сум имам поминато низ многу работи нели не конкретно за намалување на тежина, ама знам како е кога нешто е тешко да се направи и знам колку значи поддршката и од другата страна и заради тоа се трудам колку што можам да се доближам до девојките без разлика што сега во моментов се нели цела армија. И стварно сакам да ја почувствувате таа топлина од мене и мило ми е што тоа се пренело само преку порака и еве денеска сме тука. Освен резултатот освен твоите ми кажа дека имаш ослабено 20 или 25 кила?

Снежана Трајаноска: Не 20 кила, 20 и нешто меѓутоа 20.

Ана Стојанова: Освен килограмите што е она што го доби како  го почувствува како бенефит од програмите?

Снежана Трајаноска:  Самодовербата дефинитивно, значи друго е самиот настап на личност што не е задоволна од сопствениот изглед нели кога имаш јавен настап, се е како во потиште,  а друго е кога сакаш да го гледаш сопственово тело во огледало и имаш самодоверба она коа настапуваш е јако.

Ана Стојанова: И сега конечно излезе ти правата на површина.

Снежана Трајаноска: Конечно сакам да се сликам, конечно сакам да присуствувам на сите настани, сакам да се дружам затоа што во тој период кога имав многу вишок килограми јас која сум доста ведра личност и сакам дружби, никој не можеше да ме натера да се оди во шопинг или да се оди на некој настан, ух сега.

Ана Стојанова: Поголема е мотивацијата волјата да се видиш пред огледало. Кажи ми што е она што најмногу ти се допаѓа од целото искуство со програмите, кој е оној момент што те држи да бидеш дел од армијата, нели покрај килограмите изгледот самодовербата, што е она што те држи на пример има многу жени ќе си ја постигнат целта ама сакаат да бидат дел од групава? Што е тоа сакам да го откријам.

Снежана Трајаноска: Првенствено храната, готвењето е толку брзо и експедитивно што секој прво кога ќе ја погледне програмата исхраната, многу готвење. Нема врска тоа многу готвење стварно има 3 оброци и ужинка меѓутоа секој оброк е толку лесен и брз за подготовка што не може полесно да биде. Исто така вежбите не одземаат многу простор не се захтевни во однос на тоа дека не мора да ја поседуваш цела теретана дома за да нели за да вежбаш.

Ана Стојанова: Тоа е и поентата без многу реквизити дома, без да ги ставам девојките во дополнителни трошоци и без да одземам многу дел од  време од денот да си ја постигнат целта.

Снежана Трајаноска: А најбитно нешто е мотицавијава што ја имам од групата, лично од тебе а и од девојкиве што се во групата затоа што кога ќе отвориш фејзбук и кога ќе видиш дека сите во текот на денот нели извежбале или ја следат исхраната, и си викаш не може само јас да грешам значи стани пали патиките и вежбај.

Ана Стојанова: Точно, точно. Групата е интересно е тоа што стварно групата дава мотивација на поголемиот дел  од девојките, но сепак има и такви девојки кои што и покрај овие работи покрај тоа што имаме брзи рецепти кратки тренинзи релативно кратки тренинзи, они пак наоѓаат некоја причина да најдат начин како да се откажат од тоа. Иако е помала таа група но сепак ја има. Зошто мислиш дека е тоа така и која е твојата тајна како ти си постојано мотивирана нели и покрај тоа што кажа на почетокот  дека имаш сопствен бизнис, си мајка зафатена жена и сопруга, што е тоа што тебе те држи мотивирана и која е твојата тајна?

Снежана Трајаноска: Значи добра организација тоа е клучното, само организацијата се друго мотивира. Кај мене не е проблем исхраната затоа што сите домашни се подредени на начинов мој на исхрана и така да немам воопшто проблем.Само се случува нели  во еден ден да зготвам повеќе јадења во текот на неделата ако знам дека нема да бидат присутна неколку денови тука. Типс анд трикс користиме.

Ана Стојанова: Што на пример ако ете треба да зготвиш 3 оброци, не си стигнала од икс причини дали не си стигнала 3 дена за ред не знам си требала да одиш на  некој состанок  и немаш време едноставно, дали што правиш ти во тие моменти дали се демотивираш викаш готово сега ќе ја баталам и програмата и се?

Снежана Трајаноска: Никако, предност во програмава е што секогаш има нешто заменско, дали ќе го зготвам дома или кога и да седнеме во ресторан, има што да се нарача значи не си потполно играничен. И предноста е што е долгорочно оддржлива, начинот на исхрана е долгорочно оддрќлив. Затоа што  на многу диети на коишто сум била било она само ајде нека пројде овој месец додека трае ова и после да можам да јадам што сакам. Сега со оваа програма го немам овој проблем, затоа што се ми е достапно.

Ана Стојанова: Да, значи добрата организација на време и според мене желбата, најмногу е желбата затоа што сепак девојќи коишто се многу помлади и се на моја возраст како да не знам не знам или не знаат да се организираат или не знам што се случува.

Снежана Трајаноска: Секој може да најде изговор меѓутоа тоа не е причината. Ми се случувало по две три недели вежбите да ги правам во 1 ипол после полноќ.

Ана Стојанова: Која е таа мотивација што те тера во 1 ипол после полноќ да станеш?

Снежана Трајаноска: Па нормално дека изгледот, кога ке се видам како сум била предходно и сега зошто сега толкава мака до сега сум вложила сега за нешто да се откажам, не не може значи мора да се почитува маката што до тогаш си ја вложил.Не беше лесно меѓутоа.

Ана Стојанова: Кој момент не беше лесен?

Снежана Трајаноска: Не беше лесен почетоко нели вежбите не беше лесно она да се истрае првично.

Ана Стојанова:  У тој момент не ти се намали барем малку мотивација да речеш ова е претешко за мене?

Снежана Трајаноска: Никако, не толку бев внесена во тоа дека мора да се ослабе да се постигне целта и дека можам како што некој друг може, зошто да не можам ни јас затоа што веќе здравствено бев добра и можев да ги вежбам и вежбите и исхраната, и стварно добро се чувствувам дури домашниве имаат проблем ако не извежбам некој ден или го поместам за наредно затоа што да  одма сум нешто нервозна, нерасположена и дури самите ме прашаа ајде те молим иди извежбај, инаку овде нема разговор.

Ана Стојанова: Како влезе во програмата? Некој ти ја препорача? Дали ти ја имаш препорачано? Дали имаш околу тебе екипа собрано?

Снежана Трајаноска: Имам голема екипа, програмата ми ја препорача ќерка ми, како што кажав пошто да те следела на инстаграм нели.

Ана Стојанова: А ќерката дали е и она во армијата?

Снежана Трајаноска:  Ќерката да и она е и сите се и синот и сопругот и сите околу мене значи армијата ми е и мене голема. Те препорачувам каде што ќе стигнам дури и нема потреба од дополнителни зборови од само од изгледот што се вчудоневидени луѓегово кога, како го постигна ова и за толку кратко време? И само кажувам Ана Стојанова, Ана Стојанова.

Ана Стојанова: Фала ти, фала ти многу.

Снежана Трајаноска: И стварно имам многу луѓе околу мене што се на програмата.

Ана Стојанова: Снеже тоа беше се за денеска, фала ти многу што дојде освен ако нели имаш ти нешто да додадеш сама да ти е желба да си кажеш, да споделиш со армијата.

Снежана Трајаноска: Желба ми е да кажам дека стварно треба да си истраен и да се вложиш максимум, резултатите ќе дојдат сами по себе со труд нели со работа и со вежби и со дисциплина. А сигурно  дека резултати ќе се има.

Ана Стојанова: Фала ти, фала ти уште еднаш и се гледаме во октомври на новата програма, се надевам ќе продолжиш сега.

Снежана Трајаноска: Да да сигурно, јас си ги комбинирам не само програмата нели, денес кардио ластиците  си правам некој микс.

Ана Стојанова: Одлично и затоа изгледаш како што изгледаш, фала ти што си верен член на армијата и  ние ќе продолжиме да се дружиме, се надевам дека ова видео ќе биде многу голема мотивација за девојќите коишто се веќе и ќе сакаат да бидат дел од армијата.

Снежана Трајаноска: Се надевам.

.