
Бети Манева
Погледни ја инспиративната приказна на Бети во видеото подолу.
Ана Стојанова: Женски прво вака фала што дојдовте денеска кај мене дома на гости мислам оддамна сакав да ве видам и двете. Бети не е Бети без Габи и обратно, и затоа сте денеска и двете за прв пат на Wall of Heroes како тандем заедно и фала ви многу што се нафативте да бидете дел затоа што и си заслуживте да бидете дел од оваа емисија.
Габриела Стрит: Задоволството е и наше.
Бети Манева: Еднаш те одбив ама сега и ќерките дома ми викаат мамо да одиш и јас си ги испослушав.
Ана Стојанова: Срцки. Вака армијата ве знае многу добро ти си позната затоа што стварно си жена борец имаш многу голема трансформација, пота ни ја доведе Габче заедно со тебе затоа че ве оставам и двете посебно да си кажете затоа сте и тука денеска заедно. Која е Бети? Колку години има? Од каде доаѓа и колку долго е во армијата?
Бети Манева: Бети доаѓа од Велес мајка сум на две прекрасни ќерки сопруга, по професија невообичаено за жена работам машка професи повеќе сум на терен ама обврските за жената и дома и во дворчето се уште поголеми, така да јас послем сите тие обврски наоѓам време да извежбам макар и на полноќ и после полноќ.
Ана Стојанова: Браво, Габи ти е пријателка.
Бети Манева: Да.
Ана Стојанова: Е сега ајде малку да им откриеме на девојкиве зошто сте заедно тука, кој прва влезе во армијата? Која беше причина да се влезе во програмите? Кој го кој го држи јажето?
Бети Манева: Ме убеди малата ќерка влегов јас во програмата и контактираме нон стоп и на камера и пишуваме.
Ана Стојанова: Вие две сте пријателки.
Бети Манева: Пријателки, скришно и пратив од рецептиве ги бендиса рецептите и објавата прва у група и беше со цела маса послана со продуктите од програмата и влезе и она во програмата и резултатите послем.
Ана Стојанова: Се видливи се гледа на камера не може да се скрие. Која е Габи?
Габриела Стрит: Вака јас сум исто од Велес значи 47 години наскоро 48.
Ана Стојанова: Не сте со врски викнати дека од Велес.
Бети Манева: Јас сум малце постара веќе сум во клубот на 50.
Габриела Стрит: Не сум сеуште ама че те стасам кај и да е. И така значи мајка на две деца исто. Живеам во Швајцарија домаќинка значи немам некој поголеми активности освен домашните работи така околу деца, куќа сопруг и така.
Ана Стојанова: И требаше ли на Бети многу време да те убеди да влезеш во ?
Габриела Стрит: Не не не значи јас верувам во Бети затоа што знам дека Бети е многу успешна жена во секое поле и знам дека сигурно немаше да згрешам дека ако ја послушам, затоа што она така речено колку јас ја познавам успева во се што ќе допре значи дефинитивно. И знам дека немаше да згрешам. Подолго време значи имав проблем со килограмите многу барав решение како да најдам начин за да барем симнам некое кило, и она некако така случајно испадна ми влета со тој муабет дека веќе е влезена во некој програми платила и ајде дојди и ти со мене во истите програми и значи јас веднаш прифатив знаејќи ја нејзе каква е како личност дека сигурно нема во празно да пука.
Ана Стојанова: Одлично, а кој беше основниот проблем? Ме интересира нели спомна дека сакаш да намалиш килограми, дали и кај двете беше главниот проблем намалување на килограми или имаше некоја дополнителна причина покрај килограмите? Имаше некој посериозни проблеми?
Бети Манева: Јас сакав да намалам бидејќи ги накачив.
Ана Стојанова: И за колку килограми станува збор да им биде и јасно на девојките?
Бети Манева: Јас првата програма кога ја почнав во февруар значи 3 месеци
Ана Стојанова: 2021.
Бети Манева: Да 3 месеци нели со 3 месеци гратис и веќе летото за на плажа си бев топ, и успеав да намалам за тие месеци со летниот предизвик 1 и летниот предизвик 2 -15 килограми.
Ана Стојанова: Од 2021 до сега се на се 15 килограми.
Бети Манева: 15 и константно ги држам тие килограми.
Ана Стојанова: Тоа ти беше и целта целта си ја постигна или имаш уште некој?
Бети Манева: Па сега овој одмор од кога се вратив од Турција покачив две ама сега во октомври дефинитивно.
Ана Стојанова: И тоа е нормално и тоа е убавината нели на самата програма и како ние е се нас смислено до сега затоа што имаме периоди каде што некогаш нели може да си дозволиме нешто плус ама после тоа си се враќаме сега како попчиња од октомври сите со ранчето правец во маркет шопоинг листата. Габи кај тебе дали имаше некој друг проблем освен килограмите или главната причина беше да намалиш килгорами?
Габриела Стрит: Вака првиот проблем значи да на сите е жени е мислам дека првиот проблем ни е килограмите што ги имаме вишокот, ама поентата ми беше од секогаш така сакав да се научам и на здрава исхрана да бидам значи и тоа го постигнав и едностано никогаш не би се вратила на она што некогаш бев, мислам со исхраната мада понекогаш знам да се почастам сепак нели луѓе сме и посакуваме некогаш и нешто што ни е забрането.
Ана Стојанова: Нормално.
Габриела Стрит: Значи исто почнав со Бети во февруар значи на денот на вљубените зошто дефинитивно јас се заљубив во оваа армија и никогаш нема да се откажам доживотно сум тука.
Ана Стојанова: Фала ти.
Габриела Стрит: Било вежбала било не значи дефинитивно јас секоја програма би ја купила и би ја имала затоа што стварно уживам и во рецептите и во фејзбук групата значи во се нешто што се објавува.
Бети Манева: Сум активна во повеќе групи што постојат и за цвеќиња и за готвење малце на страна ги не дека не сум активна и во тие групи, ама станувам легнувам со групата на Ана и групата и да ми е мака да извежбам отворам група ваа жена вика мака ми беше ама друга ја мотивирала пали патиките и вежбај, исто и јас.
Ана Стојанова: Браво не фала ти тоа многу ми значи стварно и затоа ве викнав повеќе затоа што и двете сте многу активни во групата, и јас знам и жените се свесни колку само ги мотивирате со сликите затоа што направивме муебет и пред снимањето. Значи има девојки кои што се колку мене имаат и 20 28 години ама не можат го немаат вашиот жар.
Бети Манева: И ми годи кога ќе испаднам со ќерките кога ќе ми речат девојче дефинитнивно.
Ана Стојанова: И стварно преубаво изгледате и двете.
Бети Манева: Благодариме.
Габриела Стрит: Благодариме.
Ана Стојанова: Ме интересира имаше ли некоја имаше ли некое двоеумење? Некоја пречка пред да влезеве во програмите или знаевте едноставно како знаевте дека не е ова уште една програма која што не знам.
Бети Манева: Бев скептик уплатив само еден месец и си викам од еден песец да видам како што ама зараза е зараза се.
Ана Стојанова: Кој момент конкретно ти е зараза? Баш групата или има нешто што.
Бети Манева: Кога си го видов резултатот на на себе значи, кога почнав да вежбам 5 минути ми беа многу и плачев плачев не можев да вежбам од 5 минути ја стасав до 45 минути.
Ана Стојанова: Значи и покрај тоа што си активна имаш таква работа.
Бети Манева: Да ама упорност тврдоглавост бидејќи јарец се знае, и упорна бев си ја постигнав целта и се држам сега и одам понатаму.
Ана Стојанова: Вака сега освен тоа што намаливте килограми, има ли некој бенефит што го добивте од програмата? Пример не знам некој најмногу приметувам дека девојките што се моја возраст они учат како да готват со програмата. Кај вас тоа не е потребно нормално, што е тоа што вие покрај нели убавиот изглед, намалените килограми го добивте од кога влеговте во армијата?
Бети Манева: Па запознаваме нови пријателства и мене тоа ми годи убаво ми е кога се дружам и со помлади и јас се осеќам помлада, така да.
Ана Стојанова: Има сега и на меил и во групата и самите го гледате тоа дека најголемиот проблем на девојките е немам време или немам мотивација не знам како да се мотивирам, почнуваат месец два со програмите и после тоа како да се откажуваат онака не дека нешто им е напорно кратки ни се тренинзите супер ни е лесна за подготовка храната ама пак нешто како да се кочат, зошто мислите дека е така и како вие го надминавте тоа ?
Габриела Стрит: Па треба упорност значи според мене не е само вака да се разбереме значи сите во животот имаме некогаш некоја пречка што ќе дојде ама моментот е кога треба да знаеш дека тоа е само едно искушение. И значи треба во тој момент да сватиш дека не треба да се откажеш него напротив да бидеш уште повеќе упорен. Значи јас во овие две години да имав пречки ама не се откажувам значи дефинитивно еве неколку месеци сега стагнирав на приватен план и не можев да ги следам редовно програмите значи тоа е нешто од приватинот живот, ама тоа не представува за мене проблем да ја мислам дека да беше некој друг на мое место сигурно ќе се откажеше.
Бети Манева: Дефинитивно.
Габриела Стрит: Дефинитивно јас нема да се откажам, јас се додека дишам јас ќе го правам ова значи ќе останам на програми ќе вежбам ќе се трудам колку можам мада не можам да се споредам со Бети иако сум помлада од неа.
Бети Манева: Преблагодарна ми е вика додека сум жува ке те памтам што ме воеде во програмата на Ана.
Габриела Стрит: И јас нема никогаш да се откажам барем така мислам и многу луѓе околу мене мотивирав и научив значи кај мене во мојата куќа тие луѓе што живеат сите ги научив на овие програми да бидат и сите се кај сите има резултати. Значи кај сите дефинитивно и не само тие луѓе што се во моја куќа него општо и многу други пријатели околу мене убедив им докажав дека навистина со овие програми со ваква исхрана со вежбање со дисциплина со почит на самиот себе си значи се постигнуваат резултатите. Е сега како што и стално зборувам дека секој е индивидуа за себе нели и не можеме сите да имаме исто резултати и јас на пример имав многу добри резултати.
Бети Манева: Ама она за краток временски период убав резултат постигна.
Габриела Стрит: Да јас за 10 месеци 25 кила ги симнав, значи првиот месец ги симнав 7 кила со вежбање и со исхрана значи. Потоа дојде и короната и сето тоа малку стагнирав со вежбањето и после сето тоа на пример некои да речеме 8, 9 , 10 месеци симнував месечно по 2-3 кила со послабо вежбање. Мада јас препорачувам ако јас вежбав значи ќе имав.
Бети Манева: Ќе ме надминеше и мене.
Габриела Стрит: Да можеби ќе ја надминев и нејзе.
Ана Стојанова: Значи и покрај то нели што си имала пречки во на приватно поле ти си нашла време или колку што си можела да ја следиш програмата. Дали имаше период на пример кога се откажавте во некој момент од програмата, имаше пауза или?
Габриела Стрит: Јас не.
Бети Манева: Јас летово пред одмор нешто и по одмор, оти сеа ми е период и за зимници спремње тоа ме истоштува ме изморува.
Габриела Стрит: Јас мислам тоа не е откажување него тоа е една мала пауза.
Ана Стојанова: Свесен си дека мораш да ја направиш таа пауза тој момент како да го разберат девојките и заради тоа сакам повеќе да разговараме на оваа тема. Како они да бидат свесни дека нели нормално во животот не може се да ти е перфектно и секогаш да имаш време колку што ќе посакаш. Како они да знаат дека ако мене не знам еве треба да правам зимница или имам испит за на факултет, како они да бидат свесни дека еј јас сега не застанувам ова ми е моментална пауза ама ќе продолжам после недела или после три дена, како да не се демотивираат?
Бети Манева: Јас се водев од тоа дека може она можам и јас мене тоа ми е мотото.
Ана Стојанова: Точно точно, дали имаше период кај што се чувствувавте така што ако не успеам? Што ако не ги ослабам килограмите? Имаше ли нешто така да ве демотивира и како се чувствувавте во тој процес?
Бети Манева: Време има доволно и резултатите ќе си дојдат сами по себе.
Ана Стојанова: Значи според ова што го гледам од вас гледам дека полни сте со позитивна мисла и мене тоа стварно м ие многу онака ме исполнува кога ве гледам, зрачите и во живо. Голем дел од девојките не го имаат тоа не заради тоа што не знаат да се справат они имаат од старт започнуваат со леле ќе ослабам ли, леле ќе дали кај вас имаше некој таков момент од старт малу песимистички?
Бети Манева: Не ја кажав и прееска значи еден месец си реков ќе пробам ама кога видов дека резултатите сами по себе доаѓаат бев упорна и немам програма пропуштено, секоја нова програма едвај ја чекам и продолжуваме одиме понатаму.
Ана Стојанова: Точно.
Габриела Стрит: Јас мислам дека ако превише очекуваат од себе дека ќе се разочараат. Затоа јас мислам дека е подобро е да се пушти процесот сам по себе да си тече, што дојде дојде нели и мислам дека само треба човек да е упорен резултатите јас мислам дека ќе си дојдат. Значи јас како јас на 47 години кога можев 25 кила да ги симнам значи за неполна година што нормално нашиот организам со некоја девојка од 25 не е ист метаболизмот не е ист. Значи кај нејзе побрзо согорува калории кај мене по бавно. Значи јас верувам дека таа девојка може многу побрзо да ослабе али очекуваат мислам дека очекуваат премногу брзо резултати затоа се разочаруваат. По мое треба да се остави барем простор.
Бети Манева: Стрпливост да има.
Ана Стојанова: Да биде реален пред се.
Габриела Стрит: Реално јас можеби сум можела првиот месец 7 кила можеби она само 2 кила симнала ама тоа не значи дека она не може да ослабе наредните месеци по 3-4 кила а јас пак наредните месеци по 1 или 2.
Ана Стојанова: По малку да стагнираш.
Габриела Стрит: Значи секој е различно и така да не треба да се разочаруваат веднаш после првиот месец или вториот, имав такви случаеви кај пријателки кои што ги убедив да се пријават и кои што се откажаа имав и такви значи кои што 3 , 4 , 5 кила само симнале за тие 2 месеци или 3 и некако па еве јас не можам да ослабам некоја имала со тируидна ова онам, значи разбирам да здравствен проблем и јас имав здравствен проблем ама сепак не се откажав и нема да се откажам.
Бети Манева: Може не си склон да вежбаш ама и само со исхрана жени постигнуваат резултат.
Габриела Стрит: Јас знам дека оваа програма мене може да ми донесе само позитивни промени кај мене, значи не може да ми донесе негативни промени. Здрава исхрана и вежбање нешто што го практикува цел свет.
Ана Стојанова: Точно.
Габриела Стрит: Мислам што знае колку бенефити да се добијат од таква храна и од вежбање, вежбањето не може да биде лошо.
Ана Стојанова: Точно следно ќе ми беше баш тоа прашање дали имате препорачано на некој од пријателките програмата нели прво вие една на друга сте си ја препорачале, после тоа ќе се надоврзам за муабетот за здравствен проблем и за тируидната жлезда. Затоа што кога нели нормално многу е по тежок процесот на тие девојки и жени ама они кога ќе слушнат аха имам проблем со тируидната или имам нешто друг здравствен проблем они како да се повлекуваат. Работата е тоа што програмата не може да ти го влоши проблемот да можеби по бавно ќе ти оди за разлика од некоја помлада девојка или жена која што е сосема комплетно здрава, ама неможе да ти го влоиши процесот само може да ти го подобри здравјето. И тоа е она што сакам да го разберат сите без разлика дали се работи за оваа програма или за било која друга, колку е битно да се тренира и да се биде коонтиунитет да има во оваа работа се е во главата на крај точно. Лепотици фала ви многу што дојдовте денеска јас се извинувам што ви земав од времето
Бети Манева: Уживавме, уживавме.
Габриела Стрит: Задоволството е и наше ти благодариме и тебе многу
Бети Манева: Почестени сме се надеваме на многу девојки ќе им бидеме и ние мотивација.
Ана Стојанова: Веќе сте голема мотивација ти си и позната по хуморот твој во групата и сите едвај ти ги чекаме објавите.
Бети Манева: Требаше да го донесам и соларчето.
Ана Стојанова: Цоцето.
Габриела Стрит: Да цоци.
Ана Стојанова: Ќе оди и слика ние си го знаеме која е во армијата си знае зашто зборуваме кој не е ќе влезе ќе види од октомври ќе го почастиме со соларниче. Така да Габи мило ми беше што те начекав тебе додека си тука во Македонија.
Габриела Стрит: Сигурно се надевам и на наредна прилика кога ќе дојдам би се виделе пак
Бети Манева: Следниот предизвик вака кај Бети дома во дворчето.
Ана Стојанова: Ее може тоа да се направи на отворено да да, ништо тоа беше тоа фала ви многу.