СОСТОЈКИ:
- 200 гр цвекло, свежо или од тегла
- 250 гр пилешко месо
- 50 гр Лајт мајонез
- 100-150 гр грчки јогурт
- сол, бибер, мешан сув зачин
- 1 лажица маслиново масло
- 1 мала лажичка вински оцет, само ако користиш свежо цвекло
- магдонос, по желба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пилешкото се става да се вари, а за тоа време го лупиш цвеклото па и него го ставаш да се свари во посебно тенџере. Свареното пилешко се става во блендер или ако немаш толку силен блендер тогаш исечкај го на најситно, а потоа префрли го во длабок сад за салата. Свареното цвекло(или од тегла) исто се блендира и се става во садот со пилешкото месо. Во садот се додаваат и останатите состојки и се меша. Се додава и ситно исечкан свеж магдонос по желба. На здравје!
Калориска вредност
Калории: 807kcal | Масти: 31g | Протеини: 98g | Јаглехидрати: 33g