СОСТОЈКИ
- 130 гр индиски ореви
- 2 големи лажици сенф
- 1 голема лажица мед
- 5 лажици маслиново масло
- вода, по потреба, за одредување на густината која ја сакате
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Индиските ореви се киснат во вода преку ноќ, а следниот ден се ставаат во блендер заедно со останатите состојки и малку вода, во зависност од густината која сакаш да ја добиеш. Може да додадеш и малку сок од лимон, но и не е задолжителен. Мој совет е да направиш помала количина на мајонез, односно онолку колку што сметаш дека ти е потребно за тој ден или рецепт. Мајонезот без проблем може да стои една недела во фрижидер.
Калориска вредност
Калории: 1478kcal | Масти: 130g | Протеини: 29g | Јаглехидрати: 47g