Материјал 1 од 0
Во тек

Запознај ја Тамара!

октомври 13, 2024

Запознај ја Тамара или ‘мозокот’ зад кореографиите. Главниот “виновник” за разлутените комшии. Докажана во својата професија. Дефиниција за исполнителност, перфекционизам и цврст карактер. Успешна бизнис жена, мајка и сопруга. Премногу емотивна и добра. Уживав да ја анализирам. Додека работевме, во многу работи ме потсетуваше на мене, можеби и затоа ми беше дополнително забавна.

Тамара Ѓурчиновска е балетски играч, сопственик на Балетско Студио Арт Балет од Скопје (15 години) , филмски и ТВ продуцент, организатор на Интернационалниот танцов и балетски натпревар СТЕЈЏ(7години), амбасадор на Светската Артистичка Танцова Федерација (WADF) ,интернационален судија за балет и танц. Најмногу се пронаоѓа во современиот танц и станува студент во првата класа на Скопје Танцовата Академија – ЕСРА. Зад себе има многубројни настапи на претстави и фестивали. Целото стекнато знаење, едукација, патувања, посети, настапи, настани, претстави и идеи Тамара ги насочува во остварувње на својот сон, а тоа е нејзиното приватно балетско студио Арт Балет наменето за деца и млади. Тука започнува нејзината најубава приказна. Тамара сакајќи во помлади години да го пренесе своето искуство, енергија, идеи и гледишта ја занемарува личната кариера како играч и се насочува само кон едукација и работата со деца во балетот во која се пронаоѓа 100%. 

Обожавам едноставни луѓе кои прават големи работи. Целиот овој проект ми е едно големо искуство и школо, а среќна сум што го реализирав заедно со Тамара. Заедно ќе се појавуваме и во LIVE сесиите секоја недела па ќе имате можност да ја запознаете уште подобро. Тамара е душа! Би можела да ја опишувам со денови, но тоа е жена која треба да се доживее и запозне лично! Има многу да се научи од нејзе! 

Она што ретко го спомнувам е дека кога ми треба помош од било која област, одбирам да ми помогнат девојки кои се веќе дел од Армијата. Така ми се случи и Тамара. Таа беше и е дел од моите програми и предизвици. Зад неа стои успешна трансформација и јас сум многу среќна што успеав да и помогнам, а таа ми помогна да ги спојам во едно моите најголеми пасии.

Вежбањето и Танцувањето.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.