Калории: 1257kcal
Состојки
- 2 средни компири сварени
- Сок од еден голем лимон
- 100 мл маслиново масло
- 1 полна лажица сенф
- Прстофат сол
- ПЛУС : 2 сварени моркови исецкани на коцкички, 100 гр сварена пченка и 2-3 кисели краставички.
Начин на припрема
Првите состојки стави ги во блендер и блендирај додека не добиеш мазна смеса налик на мајонез. Истури ја смесата кај претходно сварените и исецкани морков, пченка и краставички и промешај. Што се празници без руска салата ?!
Калориска вредностКалории: 1257kcal | Масти: 102g | Протеини: 10g | Јаглехидрати: 74g