Материјал 6 од 22
Во тек

НАЧОС

октомври 2, 2023
nachos.jpg

Калории:  846kcal

Состојки

  • 80 гр. Пченкарно брашно
  • 15 гр сусам 
  • 15 гр ленено семе
  • 15 гр семки од тиква
  • 15 гр семки од сончоглед ( или по лажица и пол од сите ако немаш вага)
  • 2 лажици маслиново масло

Начин на припрема

Стави ги сите состојки на едно место во еден сад и прелиј ги со 125 мл врела вода и промешај додека да добиеш тесто. Стави го тестото на хартија за печење на работната површина и врз тестото исто така стави хартија за печење и растегни го тестото со сукало додека е меѓу двете парчиња хартија на што потенко, за кога ќе испечеш да ти дојде како чипс тенко. Тргни ја само горната хартија, можеш да го рассечеш на какви форми сакаш и стави да се пече 30-тина минути на 150 степени или додека да стане крцкаво печено. Одлична замена за чипс .

Калориска вредностКалории: 846kcal | Масти: 53g | Протеини: 20g | Јаглехидрати: 72g