НОВОГОДИШЕН КУГЛОФ
Калории: 1516kcal
Состојки
- 2 јајца
- 70 гр спелтино брашно
- 120 пченкарно брашно ( или 60 гр палента 60 пченкарно брашно)
- 150 гр тиквици
- 3 лажици маслиново масло
- 50 гр грчки јогурт
- 100 гр сирење фета
- 2 мали лажички пециво
Начин на припрема
Изрендај ги тиквиците и исцеди ги од водата. Измати ги јајцата па постепено додавај ги останатите состојки ( мешајќи). На крај додајте го изронето сирењето и тиквицата. Стави го тестото во калап за куглоф и печи на 200 степени околу 20 минути.
Калориска вредностКалории: 1516kcal | Масти: 77g | Протеини: 58g | Јаглехидрати: 148g