СОСТОЈКИ:
- 2 средни модри патлиџани
- 2 чешниња лук
- 1 мало паковање грчки јогурт
- нане, свежо исечкано или како зачин
- сол
- буковец, за декор
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Модрите патлиџани се печат, а за тоа време го чистиме лукот од лушпата и се толчи. Од како ќе се испечат модрите патлиџани се чистат од лушпата и тие се мелат или толчат па се префрлаат во длабок сад заедно со лукот, грчкиот јогурт, нането, солта и буковецот. Овој рецепт е одличен и ако му се додадат ситно сечкани оревчиња. Изборот е ваш. На здравје!
Калориска вредност
Калории: 314kcal | Масти: 4g | Протеини: 21g | Јаглехидрати: 48g