РУМ ПЛОЧКИ
Калории: 3691kcal
Состојки
- 150 гр урми потопени во
- 100 мл вода и
- 50 мл рум
- 2 лажици стопено кокосово масло
- 300 гр ореви
- 200 гр овесни снегулки.
Начин на припрема
Урмите потопи ги во водата и румот заедно, нека отстојат 1-2 часа да омекнат особено ако се суви. Отпосле, стави ги во блендер со се вода и рум и додај им го кокосовото масло и изблендирај до степен да стане кремаста структура. На суво тавче кратко потпечи ги оревите и овесните снегулки, па откако ќе оладат изблендирај ги до структура на грубо брашно. Додај ја пастата од урми и добро измешај. Ако е прегусто може да додадеш уште малку рум. Обложи едно тавче со хартија за печење и стави ја смесата, тенко измазни ја и остави да се стврдне. Пресечи на долги парчиња како за рум плочки и стави ги во замрзнувач. Можеш малку да ги прелиеш со стопено црно чоколадо но над 70 % какао .
Калориска вредностКалории: 3691kcal | Масти: 246g | Протеини: 83g | Јаглехидрати: 287g