СОСТОЈКИ:
За тестото:
- ½ од голема банана,или една мала
- 6 лажици брашно од спелта ( додај повеќе ако има потреба)
- 1 лажиче пециво
- 1 лажица растително млеко
За филот:
- 1 лажица кафеав шеќер
- 1 лажиче цимет
- Кокосово масло за премачкување
За топинг:
- 1 голема лажица сируп агаве, јаворов или урма
- 1 лажица грчки јогурт
- 2-3 лажици нискомасно млеко, густина по желба
- цимет, по желба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изгмечи ја во еден сад бананата со вилушка, па додај ги брашното и пецивото. Измешај ја убаво смесата па додај една лажица млеко, и ако е претечна смесата додај брашно по потреба.
Знај дека колку повеќе додаваш брашно, толку потврдо ќе биде тестото, а ние не го сакаме тоа.
Не очекувај да ти излезе совршено тесто , ќе биде лепливо, па на набрашнета површина префрли ја смесата и со набрашнети раце притискај со прстите за да добиеш долгнавесто тесто, од прилика 25цм на 15цм. Го премачкуваш со претходно растопено кокосово масло и посипуваш со шеќер и цимет. Може да ја пресечеш формата на две и да си направиш потенки ролнички.
Јас рерната ја загреав на 220 , печев пола саат од прилика на 200 па при крај намалив на 180 кога видов дека добиваат боја , за да не ми изгорат а да се испечат внатре. Печев во хартиени корпички во калап за мафини.
На крај се прави топингот и убаво се меша, а потоа се истура врз ролничките. Обожавам цимет ролни, а секој пат кога ќе помислам колку се само калорични и полни со шеќер се откажувам од нив. Овој пат со наш рецепт.
На здравје празниците!
Сакањеее,
Ана
Калориска вредност
Калории: 520kcal | Масти: 13g | Протеини: 12g | Јаглехидрати: 89g