Материјал 1 од 0
Во тек

[ВОНРЕДНО] МЕНИ ЗА ПОНЕДЕЛНИК (IB месец 3)

април 18, 2024

Повели менито за понеделник. Го додаваме вонредно тука за да можеш да си зготвиш во недела за да имаш успешен старт во понеделник.

ПОЈАДОК: БАНАНА МИЛКШЕЈК

Калории 739 kcal

Состојки
  

  • 1 банана
  • 300 мл растително млеко
  • 2 урми
  • 5 лажици овес
  • 2 лажички путер од кикирики
  • Дозерка протеин ЗАДОЛЖИТЕЛНО

Инструкции
 

  • Бананата обично ни е основа на секое смути но никогаш не сме и дале шанса самостојно да не изненади . И банана немој никогаш да фрлаш, штом ти потемни излупи ја, исецкај ја и смрзни си ја во една ќесичка. Не знаеш за кога може да ти се најде, еве на пример за милкшејк. Не мора да е смрзната, само како совет ти давам да не фрлаш храна. Инаку сите состојки стави ги во блендер и уживај во твојот банана милкшејк.

Исхрана

Калории: 739kcalЈаглехидрати: 75gProtein: 43gМасти: 29g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

УЖИНА: ЧОКО КИНОА – Само едно барче, останатото сочувај го за другите денови

Калории 628 kcal

Состојки
  

  • 70 гр. киноа жива
  • 70 гр. Темно црно чоколадо
  • 1 лажиче кокосово масло

Инструкции
 

  • Којзнае што си помисли кога виде чоколадна киноа, аман и во благите ли? Да да госпоѓице, и тоа ќе бараш уште. На чисто тавче тостирај ја киноата на средна температура, како кога пуканките почнуваат да пукаат така и киноата ќе почнат да пуцкаат и да бегаат од тавчето. Чоколадото заедно со кокосовото масло стопи ги на пареа и тостираната киноа истури ја во чоколадото. Промешај и истури на хартија во мало тавче и стави во фрижидер да се стврдне. Почекај саат време па пресечи си, но не претерувај, имаш уште за 2 до 3 ужинки од оваа смеса. Само едно барче, останатото сочувај го за другите денови.

Исхрана

Калории: 628kcalЈаглехидрати: 47gProtein: 9gМасти: 45g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

РУЧЕК: ЗИМСКА ШЕФ САЛАТА

Калории 777 kcal

Состојки
  

  • Неколку листови зелена салата
  • 240 гр компир
  • 50 гр сланина / ВЕГЕ замена 150 гр.тофу
  • 1-2 пиперки
  • 2-3 јајца
  • 5-6 маслинки
  • Млад лук или кромид
  • Наш мајонез или замена грчки јогурт со сенф по едно лажиче, измешано со балсамик

Инструкции
 

  • Компирот и јајцата свари ги, сланината/тофуто потпечи ја , можеш заедно со пиперката исецкана на ленти. Во длабок сад исецкај марула или ајсберг или било која зелена салата, и додај ги и останатите намирници. Ако имаш од нашиот мајонез тогаш употреби како дресинг една лажица, а ако не зачини си по твоја желба.

Notes

Веге Калории: 642kcal | Масти: 26g | Протеини: 42g | Јаглехидрати: 59g

Исхрана

Калории: 777kcalЈаглехидрати: 58gProtein: 47gМасти: 40g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

ВЕЧЕРА: ЗЕЛЕНИ ПАЛАЧИНКИ

Калории 512 kcal

Состојки
  

  • 3 големи лажици нискомасна урда
  • 3-4 бриќети смрзнат спанаќ или две раце свеж
  • 2 јајца
  • 4 лажици овесно брашно или овесни смелени
  • Прстофат сол многу малку прашок за пециво

Инструкции
 

  • Сугестии за сервирање: 1 лажица ајвар, кисели краставички, 5-6 маслинчиња
  • Спанаќот одмрзни го и исцеди го од вишокот вода. Урдата ја ставаш во чинија, додај ги јајцата и спанаќот и измешај со вилушка се заедно. Додај го брашното и мешај темелно додека не стане хомогена смеса без грутки. За побрзо пак, ако сакаш пробај и во блендер. Загреј сува нелеплива тава и пржи/печи ги палачинките (околу 2 лажици тесто по палачинка) од прилика 3 минути се додека дното не порумени малку. Сврти и пржи уште 2 минути.

Исхрана

Калории: 512kcalЈаглехидрати: 46gProtein: 37gМасти: 20g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!