Материјал 1 од 0
Во тек

3. ЗАКОН ЗА СЛУЖБА ВО АРМИЈАТА

октомври 13, 2024

Врз основа на член 31, 36, 39 и 40 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија ти посакувам ДОБРЕДОЈДЕ во СВЕТОТ СО НАЈМНОГУ ТРАНСФОРМАЦИИ!

Во согласност со член 1 од Правилникот за начинот на спроведување на постапка за прием на нови членови во Армијата ти соопштуваме дека си одличен кандидат и среќни сме што се одлучи да станеш дел од нашата група!

Уште еднаш ти честитам што си дел од НАЈГОЛЕМАТА ЖЕНСКА АРМИЈА на територијата на Република Македонија  и ти посакувам голем успех!

За време на твојата служба ќе се здобиеш со различни вештини кои ќе ти служат за цел живот. 

Најбитното нешто што ќе го научиш за време на овие два месеци е ЉУБОВТА кон самата себе.

Посветеност, одговорност, дисциплинираност и храброст се само дел од квалитетите и карактеристиките што треба да ги поседува секој член во Армијата за да биде добар.

Дел од овие карактеристики се вродени, но голем дел од нив се учат кај нас.

Ние не сме вистински војници, но за постигнување на посакуваната цел ни требаат војнички особини.

Да се биде војник е потребна физичка и психичка спремност. Ќе се откажат само оние девојки поради една единствена причина, а тоа е неможноста да се вклопат во системот. 

ФИЗИЧКИ од причина што треба да вложуваат секојдневен напор за завршување на обврските, а во нашиот случај тоа се тренинзите, планирање и подготовка на храната.

ПСИХИЧКИ затоа што не секој може и сака да ја вметне оваа рутина во секојдневниот живот.

Сакам да запаметиш дека ТВОЈОТ УСПЕХ, Е УСПЕХ ЗА ЦЕЛА АРМИЈА. 

Твојата успешна трансформација мотивира уште илјадници други девојки да успеат.

Нема да успее само оној кој прерано ќе се откаже. Од нас, од својата желба. 

Ти благодарам што си тука. 

Уште еднаш, Ти посакувам голем успех!

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.