Материјал 12 од 11
Во тек

4. Патувај до ЗАНЗИБАР- ПРИКАЧИ СЛИКИ И ВИДЕО

септември 29, 2023

НАЈДОБРАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА ПАТУВА НА ЗАНЗИБАР!

Како што кажува насловот, девојката со најдобрата трансформација ќе освои целосно покриено и платено патување на Занзибар ова лето! Како и на секој предизвик, јас избирам топ 25 трансформации, а вашите гласови се пресудни за првите три места.

НОВО: ДУРИ И ДА НЕ СИ НАЈДОБРАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА, ЌЕ ИМАШ МОЖНОСТ ДА ОСВОИШ БЕСПЛАТНО ПАТУВАЊЕ НА ЗАНЗИБАР

Како што знаеш, претходно, наградите за натпреварувачкиот дел во програмите и предизвиците беа парични во комбинација со продукти.

Ова година, во склоп на Peach Army, решивме да направиме мала промена и да го зголемиме наградниот фонд. 

Промената се состои во тоа што главната награда за девојките што ќе освојат прво место на предизвиците и програмите во октомври ќе биде патување во Занзибар. 

Идејата е во периодот помеѓу Јануари и Март 2023та година оваа група од 10 девојки да патува заедно на Занзибар.

Трошоците за патувањето и престојот ќе бидат покриени од Peach Army. 

Како ќе бидат избрани овие 10 девојки?

5 од девојките ќе дојдат од предизвиците и програмите( 2 од летните предизвици, 1на од денс предизвикот и 2 од програмите во Октомври)

Останатите, бидејќи сме армија, решивме оваа година да имаме и категории за девојките што работат цела година на себе и ова навистина им е станато начин на живот + допринесуваат за армијата.

Категориите се:

  • 1 најослабена во годината
  • 1 најдобар задник
  • 1 патот од FIT до BOOTY девојка 
  • 1 НАЈсекси девојка
  • 1 НАЈфит мајка 

Условот за да се класираш во една од овие категории е да учествуваш во сите предизвици и програми  во текот на 2022ра година и да имаш испратено слики и видео за пред и потоа т.е. да ги имаш купено:

  • Summer challenge 1
  • Summer challenge 2
  • InstaFIT или InstaBOOTY програмите што ќе се лансираат во Октомври 2022ра година. 

Како ќе бидат избрани девојките во овие категории?

Во периодот на Јануари и Февруари, ќе избереме девојки за овие категории и секако потоа Армијата ќе гласа за најдобрите во секоја категорија.

Што треба да направиш за да учествуваш:

За да учествуваш во изборот за најдобра трансформација и да бидеш потенцијален победник на истиот, потребно е да ми испратиш ДВЕ СЛИКИ И ВИДЕО пред да започнеш со предизвикот, а тоа е сега, најдоцна до 29.06.2022 и уште ДВЕ СЛИКИ и ВИДЕО од кога ќе заврши четвртата недела и предизвикот, за кои јас ќе те потсетам повторно.

На лист хартија напиши го името на предизвикот го датумот кога ќе ја направиш првата фотографија и покриј го лицето како на примерот подолу. Потруди се да се гледа убаво напишаниот датум.

Совети за подобра фотографија:

Сликај се на дневна светлина, најдобро би било ако те слика некој друг и никако во спротивна насока на сонцето. Потруди се позадината каде што ќе се сликаш да биде чиста, пример на бел ѕид и слично. Можеш да бидеш облечена на гаќички и прслук, а можеш и на кратки шорцеви и спортски градник, битно ми е да ти се гледа стомакот и да не е прекриен со хеланки или гаќи. Не може да се воочи разликата ако си покриена со блуза или долга и широка маица или црни хеланки. На сите слики пожелно е да носиш исти алишта и потруди се да ја изимитираш истата поза за на крај добро да се воочи разликата. 

НАСОКИ ЗА ВИДЕОТО:

Прати видео, во шорцеви/купаќи/долен веш, каде ќе биде откриен стомакот и пробај да го изимитираш видеото подолу.

Прикачи го видеото и сликите на овој линк: https://marketingink.aidaform.com/2022-SC-2

ВАЖНО:

Името и главата нема да бидат откриени на ниедна девојка на предизвикот. На сликата потребно е да држиш картон/лист хартија со датумот на кој е направена фотографијата. Сите оние кои нема да ги следат правилата ќе бидат дисквалификувани и нема да учествуваат во изборот на најдобра трансформација на Летен Предизвик.

Еве каде да ги испратиш сликите и ВИДЕОТО:

→ Сликите за трансформација ги испраќаш на овој линк: https://marketingink.aidaform.com/2022-SC-2

Потребно е да внесеш:

1.Tвое име и презиме

2.Твоја е-маил адреса со која си регистрирана во предизвикот.

3.Слика 1(слика од напред)

4.Слика 2(слика од страна)

5.ВИДЕО

Слики и ВИДЕО како пример:

Во продолжение ти покажувам пример како треба да изгледаат сликите и ВИДЕОТО кои ќе ми ги испратиш. Ќе те замолам да ги следиш правилата, во спротивно твојата слика нема да ги исполнува поставените критериуми и нема да биде дел од предизвикот.

Овој дел го работам сама и ќе ми биде од голема помош ако ги следиш овие правила. Немој да правиш колаж од сликите.

Во полето СЛИКА 1 објавуваш САМО ЕДНА СЛИКА, а тоа е сликата од напред, во полето СЛИКА 2, ја објавуваш сликата од страна, како примерот подоле.