Материјал 1 од 0
Во тек

9. СЕЗОНСКИ ТОПЛИ НАПИТОЦИ

октомври 16, 2024

Лате со Путер од кикирики

Протеини: 8гр / Хидрати: 5гр / Масти: 14гр Вкупно калории: 173

Лате со Путер од кикирики.JPG

СОСТОЈКИ:

  • 1 чаша овесно или било кое растително млеко
  • 1 еспресо или инстант или лажиче нескафе промешано со вода
  • 1 лажиче путер од кикирики

ПРИПРЕМА:

Во голема чаша стави го прво кафето , зависи какво имаш дома но ова секако не би одело со турско. Промешај лажиче нескафе со топла вода и стави го во чашата. Со маталка за нескафе или со блендер измиксај го млекото со путерот од кикирики за да стане кремаста текстура и истата истури ја во чашата кај кафето. Овој рецепт нека ти служи како замена за дневна ужина.

ТОПЛА ЦРНА ЧОКОЛАДА

Slide9.PNG

СОСТОЈКИ:

  • 250 гр нискомасно млеко, кравјо или билно
  • 2 полни мали лажици какао
  • 1/2 голема лажица сируп од урма, јаворов или агаве
  • 1 ред темно чоколадо, кршено
  • 5-6 капки екстракт од ванила

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

На тивка температура се става да се загрее млекото, па се додаваaт останатите состојки и се промешува се заедно, а за некоја минутка имате превкусно топло чоколадо за да ве згрее во најубавите празници во годината! На здравје!

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.