Бесплатни MamaARMY тренинзи

БОНУС ТРЕНИНЗИ

MamaARMY Предизвик

За да можеш да имаш една физичка активност на ден, ги споделуваме следниве 4 тренинзи коишто можеш да ги користиш бесплатно како дел од предизвикот.

Тренинг 1 - Трудници

Тренинг 2 - Трудници

Тренинг 3 - Трудници

Дијастаз - Postpartum

 

Дијастаз е растојанието помеѓу двата централни стомачни мускули.

➡️за време на бременоста матката се шири, доаѓа до ослабнување на мускулниот тонус.

➡️сите органи се поместуваат од своето место и се намалува еластичноста на сврзното ткиво.

➡️поради сите овие фактори доаѓа до раздвојување на стомачните мускули. Нормално е секоја родилка во првите недели да има дијастаза до 2 прста, но истата би требало да се повлече до третиот месец од породувањето.

Која големина на дијастаза е нормална?

Дијастаза кој е помеѓу 1 и 1,5 прст, се смета за нормална. Доколку дијастазата е поголема од 2 прста и не се повлече до третиот месец од породувањето истата треба да се третира со соодветни вежби.

На што треба да внимавам ако сакам да почнам со вежбање?

Многу е важно по бременоста, особено за оние мајки кои сакаат да започнат со некоја физичка активност или да практикуваат одреден тип на вежби, да внимаваат вежбите да не дозволуваат стомачните мускули да се оптоварат дополнително, со што би се придонело до зголемување на дијастазата.

Како да измериш дијастаз?

Тренинг за ДИЈАСТАЗ - Postpartum

Во овие вежби е најбитно да научиш како да се поврзеш со стомачните мускули, да дишеш правилно и се тоа додека го изведуваш, не заборавај, ГРБОТ Е СЕКОГАШ ЗАБИЕН ЗА ПОДОТ!

Иако навидум смешен и прелесен, со правилна изведба на вежбите ќе приметиш чудесни резултати! Овие вежби се идеални за тазе породени мајки, иако кај некои дијастазата не е преголема, може да се изгуби по неколку месеци, спонтано, со вежбање на овие вежби ќе се затегнат правилно стомачните мускули по породувањето.

Истите се одлични за кичмата! Овие вежби се задолжителни за мајки кои имаат дијастаза поголема од 1,5 прста! Мајки со дијастаза поголема од 1,5 прст треба да го изведувате тренингот минимум 4 пати во неделата во комбинација со другите тренинзи! Вежбите се вежбаат низ сите 3 месеци од програмата доколку дијастазата не се затвори по првиот месец!

ВАЖНО: Работиме на цел нов дел со тренинзи за ДИЈАСТАЗ што ќе биде поставен во MamaFIT програмата.

Тренинг 1 - Postpartum
(Објаснување)


Од оваа сезона сакавме да направиме поразличен концепт на тренинзи кај што во првиот дел ќе се објасни цел тренинг од страна на Марија а во вториот ќе тече тренингот и вие ќе може да си го вежбате.

Многу е важно, особено за тазе породените мајки и за оние кои немаат вежбано претходно правилно да се изведуваат вежбите!

Се надеваме дека овој концепт на тренинзи ќе ви се допадне!

Безбедноста на секоја една тазе породена мајка е голема одговорност!

Тренинг 1 - Postpartum
(Тренинг)

Тренинг 2 - Postpartum

Тренинг 3 - Postpartum
(Објаснување)

Тренинг 3 - Postpartum
(Тренинг)

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.