
MamaFIT Home
3 x 1290 ден.
За прв пат и после доооолг период на планирање и барање од Армијата, ви ја престаувуваме специјализираната POSTPARTUM програма за дома MamaFIT. Ова програма е направена со помошта на Марија, сертифициран нутриционист и специјалист за postpartum. Во неа добиваш:
СЛЕДНО ОТВАРАЊЕ НА 12ти ФЕВРУАРИ! Внеси ја твојата емаил адреса и резервирај си место:
Што добиваш во програмата за дома

КРАТКИ И ЕФЕКТИВНИ ВИДЕО ВЕЖБИ ЗА ДОМА
Кога ги планиравме и тестиравме тренинзите за оваа програма со Марија, главниот фокус ми беше да направиме симбиоза помеѓу она што го знам јас за Армија од аспект на креирање на успешни програми и специјализираното знаење на на Марија. Она што произлезе и што ќе го видиш е навистина програма што се грижи за мајката и ја води чекор по чекор до закрепнување на телото и враќање во форма на здрав начин. Секое тренинг видео содржи загревање, главен тренинг и истегнување. Вежбаш кога сакаш, каде сакаш. Видеата ти се во твојот профил достапни 24/7 и поделени во денови. Кликаш PLAY и вежбаш.

МЕНИ СО НЕОДОЛИВО ВКУСНИ И БРЗИ РЕЦЕПТИ
Никогаш нема да ни здосади да викаме СЛАБЕЕМЕ НАЈАДЕНИ, но во оваа програма за мајки, овој израз има друго...поголемо значење. Во мама фит менито добиваш брзи, лесни, внимателно одбрани рецепти кој ги содржат сите макро и микронутритиенти совршено избалансирани во секој оброк. Овие рецепти не се само неопходни за мајки кои дојат, туку и за за секоја мајка која се наоѓа во тој пост постпородилен период и на која и е потребна енергија за извршување понатамошните дневни активности.

FACEBOOK ГРУПА ЗА МОТИВАЦИЈА И ЗАЕДНИЦА
И досега имавме во групата и во Армијата мајки коишто беа поддржани и даваа поддршка на другите девојки, жени, мајки и кралици. Но, почнувајќи од оваа година ќе формираме група САМО за мајките и немам трпение да ја видиме таа MamaARMY група. Те очекуваме!
Како функционира користењето на програмата

Прашања и одговори
Во продолжение можеш да ги погледнеш одговорите на најчесто поставуваните прашања. Кликни на прашањето за да го видиш одговорот.
Oваа програма е за мајки во postpartum фаза коишто сакаат да вежбаат дома и да се хранат здраво и балансирано. Целта на оваа програма е да ти помогне да се вратиш во форма на правиот начин.
Оваа програма ќе трае 3 месеци. Но, пристап до неа ќе имате вкупно 5 месеци.
Пристап до материјалите ќе имаш 5 месеци од официјалниот старт.
Пријавувањето започнува на 12ти Февруари, а ќе трае се до 19ти Февруари, за веќе од 20ти Февруари сите девојки да имате пристап до програмата, планот за исхрана и вежби, како и ФБ групата.
Цената за една програма изнесува 3 рати х 1290 ден на месец или 3490 денари за еднократна уплата.
Може. Сите оние кои ќе ја уплатат цела програма наеднаш добиваат и попуст и цената на цела програма ќе биде 3490 денари.
Уплатата се врши Онлајн со картичка со клик на едно од копчињата “купи сега“ на оваа страница. Доколку некоја од вас нема или не може да плати од сопствената картичка, нема да биде проблем да уплати од друга. Може да се уплати од било кое место во светот.
Уплатата може да се изведе на рати или еднократно. Уплатата на рати е автоматизирана и се изведува на следниот начин:
Рата 1: При регистрација
Рата 2: 30 дена после првата уплата.
Рата 3:30 дена после втората уплата.
Уште еднаш, втората и третата рата ќе бидат наплатени автоматски од картичката со којашто е направена првата уплата. После втората рата наплатата запира и повеќе нема да биде користена картичката од системот. Плаќањето е 100% сигурно и безбедно.
Брзи, едноставни и премногу вкусни рецепти.
Мислам дека девојките посебно ме почитуваат заради овој дел и предизвик ми е секој пат да ги изненадам. Кога ќе ми речат дека едвај чекаат да станат за да си го направат рецептот, јасно ми е дека ќе има нов бран на успешни трансформации. Храна е уметност и никогаш нема да дозволам да имаме досадно мени без разлика што се храниме здраво. Тука сум да докажам дека здравата храна е дааалеку повкусна од она на кое сте навикнати. Менито е прилагодено на Македонскиот стандард, без скапи и тешко достапни продукти. Ќе има мени и за вегетаријанци 🙂
Вежбите се предвидени да се прават дома, во парк, сала или било каде и да ти одговара.
Тренинзите се осмислени на начин на којшто ќе започнеш чекор по чекор да го зајакнуваш телото и правилно да се вратиш во форма.
Исхраната е идеална за сите, вежбите се оние за кои чуствувам голема одговорност пред да кажам ДА и секако прво треба да се консултирате со лекар. Како и да е, овие програми НЕ се предвидени за трудници без разлика што имате зелено светло од доктор.
Да. Оваа програма е за доилки.
Оваа веб страна нуди фитнес и нутриционистички содржини и е наменета само за образовни цели. Овие информации не можат да ги заменат професионалните медицински совети, дијагноза или третман.Ако имаш загриженост или прашања во врска со твоето здравје, секогаш треба да се консултираш прво со твојот лекар. Не занемарувај, избегнувај или одложувај добивање на медицински или здравствени совети од твојот лекар поради нешто што можеби си го прочитала на оваа страница. Користењето на сите содржини и програми прикажани на https://peacharmy.mk е само на твоја, сопствена отговорност.
Што велат другите за програмите?
Во продолжение можеш да ги погледнеш импресиите и резултатите на дел од девојките што беа на претходните програми.