SUMMER CHALLENGE 2

од Ана Стојанова

Биди најдобрата трансформација и освој патување на Занзибар! Придружи ни се и добиј:

*Уплатата е затворена. Предизвикот започна! Благодариме на сите што се приклучија!

5/5

Што добиваш во Summer Challenge 2

ДИНАМИЧНИ ВИДЕО ВЕЖБИ ЗА ДОМА

Овој пат тренинзите се прилагодени за почетници и напредни. Како? Во самиот тренинг ќе се појават ЗАМЕНСКИ ВЕЖБИ онаму каде што сметам дека има потреба и каде што сметам дека би било преинтензивно за почетници. Сè е смислено! Само облечи ги патиките, но внимавај да не се наполнат со песок, затоа што овој пат те носам на плажа!

ГЛАВНА НАГРАДА: Платено патување во ZANZIBAR

Оваа година, со Peach Army ги носиме работите на ново ниво. Најдобрата трансформација ќе патува БЕСПЛАТНО со армијата на ЗАНЗИБАР

Гласањето за најдобра трансформација ќе се прави само помеѓу девојките што учествуваат на предизвикот. Дополнително, дури и да не бидеш избрана за најдобра трансформација, сè уште ќе имаш шанса да патуваш бесплатно на Занзибар. 

ПЛАН НА ИСХРАНА СО ВРТОГЛАВО ВКУСНИ И БРЗИ РЕЦЕПТИ

Веќе знаеш колку е важна храната. Затоа, откако се приклучиш на овој предизвик ќе добиеш пристап до МЕНИ СО НОВИ рецепти. “Слабееме најадени“ е фразата што ја измислија девојките што досега биле на моите програми. Сега ќе видиш зошто 🙂

Како дел од предизвикот ќе имаш и ШОПИНГ ЛИСТА  со сите намирници – за да можеш полесно да пазаруваш.

БОНУС: РЕЦЕПТИ ЗА ЗАМЕНА И ЗДРАВИ ДЕСЕРТИ

Покрај основното мени, како бонус во предизвикот сум ви подготвила летни салати и здрави десерти. Овие рецепти дополнително ќе ја збогатат твојата исхрана и секако ќе ја поткрепат изреката “слабееме најадени“ :)))

ФБ ГРУПА ЗА ПОДРШКА И НАЈГОЛЕМА МОТИВАЦИЈА

Ако се прашуваш зошто меѓу себе се викаме АРМИЈА, тогаш сигурно не си била дел од нашата ФБ група. Има некоја магија таму што не држи така мотивирани. Наше гнездо кое е 24/7 достапно за тебе и верувај нема да те оставиме така лесно да се откажеш или да прескокнеш ден за вежбање.

Прашања и одговори

Summer Challenge е фитнес предизвик за слабеење на правилен и забавен начин. Во него има план со видео тренинзи (два левела), план за исхрана, здрави десерти, награда за најдобрата трансформација и заедница што ќе те поддржува и навива за тебе.  Трае 30 дена, а пристап до вежбите и останатите материјали ќе имаш уште 30 дена. Вкупно 60 дена. Со уплатата добиваш личен, онлајн профил во којшто се поставени сите материјали и ти е достапен 24/7.

Овој предизвик е за девојки што сакаат да ослабат.
Добив многу пораки со прашања дали може да се пријават девојки што имаат цел качување на мускулна маса. Но, овој предизвик е само за девојките што сакаат правилно да ослабат. Доколку сепак сакаш да се приклучиш на програма за мускулна маса, пиши ни на help@peacharmy.mk и ќе ти овозможиме пристап до InstaBOOTY програмата.

Со Sumer Challenge-от се трошат навистина мнооогу калории, а тоа значи и дека си на добар пат за намалување на килограми. Она што и овој пат треба да го знаеш е дека храната игра клучна улога за да ја постигнеш целта, па ако сакаш уште побрзи резултати идеалната формула за постигнување на одличен резултат e следењето на планот со тренинзи и вежби.

Доколку сепак сакаш да се приклучиш на програма за мускулна маса, пиши ни на help@peacharmy.mk и ќе ти овозможиме пристап до InstaBOOTY програмата. Ова нема да биде поврзано со предизвикот, но ќе ти помогне да ја постигнеш твојата цел.

Станав претпознатлива по ”Слабееме Најадени” и жими се е вистина :)) , може не сум споделила до сега со никој ама кога ќе слушнам од девојка на програма за слабеење ,, Aна, ова е премногу храна за мене, сигурна си дека не е грешка”, ми ја полни душава од среќа! Крива сум што да правам, ги казнувам да јадат додека слабеат :)) Во моментов работам на исхраната во предизвикот и нормално дека ќе биде малку поригорозно затоа што сепак имаме само 4 недели. Ќе има мени и за вегетаријанци 🙂

Како што веќе спомнав, без разлика дали во моментов си на мојата или некоја друга програма, не е ништо погрешно ако паралелно си дел од предизвикот. Придружи ни се за да се забавуваш и да додадеш дополнителни 10/15 мин. тренинг во твојата рутина. 

Да. Тренинзите се поделени во ДВА ЛЕВЕЛИ, а еве што значи тоа:

Имаме вежби за почетници, но и тренинзи за напредни вежбачки кои дооолго време се дел од Армијата!
Тренинзите се кратки, до 15тина минути, а тоа значи дека повеќе НЕМА изговори и НЕМА “немам време” – вади се со нешто друго. ?

Предизвикот ќе трае еден месец.  Пристап до материјалите ќе имате вкупно два месеца.

Сѐ зависи за каков здравствен проблем станува збор, но како тренер не сум таа која треба да го има завршниот збор кога се работи за здравје и затоа моите клиенти ги советувам најпрво да се советуваат со лекар. Моите програми и предизвици се смислени за луѓе кои немаат здравствен проблем и се комплетно здрави, но тоа не значи и дека не се добри за останатите. Жените со срцеви заболувања, прекумерена тежина, проблем со коските и зглобовите, колената, Дискус хернија и слично потребно е да се советуваат со лекар затоа што во спротивност одговорноста од несакани повреди и случувања е целосно на нивна страна.

За овој дел би те насочила да ги прочиташ изјавите од девојките што беа на претходниот летен предизвик.

Пријавувањето (официјално) започнува на 19ти Јуни во 20:00ч. и ќе биде отворено до 26ти Јуни 23:59ч.

Пристап до материјалите ќе имаш вкупно 2 месеци – Доколку го купиш само ВТОРИОТ предизвик.

Доколку го купиш пакетот за ДВАТА предизвика, пристапот ќе ти биде овозможен до 30ти Септември.

За сите што ќе си резервираат место и уплатат ПРЕД 26ти Јуни, 2022 година, цената ќе биде 690 денари. 

Уплатата се врши Онлајн со картичка со клик на едно од копчињата “купи сега“ на оваа страница.

Доколку некоја од вас нема или не може да плати од сопствената картичка, нема да биде проблем да уплати од друга. Може да се уплати од било кое место во светот.

Доколку имаш проблем при уплатата, испрати email на help@peacharmy.mk и тимот задолжен за тех. поддршка, ќе ти помогне веднаш.

КОЛКУ ДЕНА СЕ ВЕЖБА НЕДЕЛНО?
Имате вежби за 5 дена во неделата.

ОД КОЛКУ ГОДИНИ МОЖЕ ДА СЕ УЧЕСТВУВА?
Може да се учествува од 16 годишна возраст.

ДАЛИ МИ Е ПОТРЕБНА ОПРЕМА ИЛИ РЕКВИЗИТИ?
Не, нема да биде потребна опрема или реквизити.

ДАЛИ ТРЕНИНЗИТЕ СЕ ВО ЖИВО ИЛИ МОЖЕ ДА ВЕЖБАМ КОГА МИ ОДГОВАРА?
Тренинзите се снимени и можеш да ги правиш кога ти одговара.

ДАЛИ ЌЕ ИМА И ВЕЖБИ ЗА ЗАДНИКОТ?
Да, ќе има вежби и за задникот.

Овој предизвик НЕ е за трудници или тазе мајки.

Оваа веб страна нуди фитнес и нутриционистички содржини и е наменета само за образовни цели. Овие информации не можат да ги заменат професионалните медицински совети, дијагноза или третман. Ако имаш загриженост или прашања во врска со твоето здравје, секогаш треба да се консултираш прво со твојот лекар. Не занемарувај, избегнувај или одложувај добивање на медицински или здравствени совети од твојот лекар поради нешто што можеби си го прочитала на оваа страница. Користењето на сите содржини и програми прикажани на https://peacharmy.mk е само на твоја, сопствена отговорност.

Како функционира користењето на предизвикот

Регистрација и уплата
Регистрацијата се прави преку оваа страница со клик на едно од копчињата најгоре. Уплатата се изведува со дебитна или кредитна картичка со којашто може да се плаќа онлајн. При уплатата, внеси ја твојата емаил адреса правилно и без грешки. Не брзај.

Личен Профил со сите материјали на едно место
Штом ја направиш уплатата, системот ќе ти создаде личен профил (доколку веќе немаш) и веднаш ќе те внесе во воведниот дел на програмата. Сите материјали од програмата ќе ти бидат во овој профил. Ништо нема да ти биде праќано на емаил. Сè ќе ти биде во твојот профил.

Пристап 24/7(преку мобилен, таблет и компјутер)
Профилот и програмата ти се достапни нон-стоп. За да им пристапиш, треба да ја посетиш веб страната https://anastojanova.com и да кликнеш на “Најави се“ горе, десно во менито. 

5/5
"Секогаш се соочував со проблеми кога ќе започнев одредена диета (лоша крвна слика, глад, умор, главоболки, вртоглавици..), но откако се приклучив на Програмите на Ана, сето ова наведено погоре, го снема. За една година, не само што ја постигнав мојата цел, туку и крвната слика ми се подобри, а од друга страна стекнав и поголема дисциплина. Ана во ниту еден момент не не оставаше сами и ни беше најголема мотивација, а и поддршка. Да не збориме и за цела армија девојки кои бевме тука една за друга.."
Марија Б.
"Се мислев дали да почнам со предизвикот на Ана, бев несигурна во себе си викав за џабе ќе плаќам а знам дека нема да можам да издржам ниту една недела,па и пишав на Ана и таа ми даде мотивација и си реков го можеш ти тоа, ќе успееш имај верба во себе и се приклучив на предизвикот. Почетокот секогаш е тежок, но после се идеше многу лесно. И за 1 месец бев-10 кг. И јас бев презадоволна. Јас што бев зависна од храна, што јадев 24/7, што немав никаква желба за вежбање успеав. Штом јас успеав-ќе успееш и ти.“
Катерина Захариева
"Бев дел само од вториот летен предизвик во 2020 година, бидејќи доцна дознав за првиот. Моето искуство е минус 8 кг, многу во обем и голема промена на метаболизмот (во позитивна смисла нормално). Од тој предизвик и ден денес сум со Ана и нема шанси да прекинам. Еден совет од мене: Приклучувајте се на сите предизвици/програми кај Ана, бидејќи несмее таква шанса да се пропушти! Таа го менува погледот кон исхрана, тренинзи, ги менува навиките во животот..... ТАА го менува ЖИВОТОТ!"
Мартина Стојковска
"Моето искуство во летниот предизвик е фантастично....прекрасна летна исхрана со која се чувствував сито и ослабено без гладување. Вежбите исто така беа одлични и ја постигнав својата цел за килограми и фигура."
Ана Дробни
"Во летниот предизвик 2020 изгубив: 4кг, 12цм струк, 10цм колк, 3,5цм задник...но, и добив голема самодоверба, го променив начинот на исхрана и научив како да ја одржувам својата линија. Топло го препорачувам... за кратко време до резултати и до нова страница од нашиот живот!!! “
Драгана Џорџевич
"Летен предизвик ќе го памтам засекогаш. За прв пат најадена, среќна и задоволна слабеев и ослабев 10кг и мноогу во обем. Од летен предизвик почна патувањето со Ана и сеуште трае."
Васка Гиова Дончев
mk_MK