Покана за Peach Army Крстарење

PEACH ARMY КРСТАРЕЊЕ

СЕПТЕМВРИ 6 – 13 | 📍Волос

СÈ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ ЗА Peach Army Sailing Week 🏖️⛵

Девојки, време е за авантура што нема да се заборави!
 
Ова не е само одмор – ова е Peach Army искуство: дружење, будење до море, активни денови и магични ноќи… Си заминуваме со спомени што ќе ги раскажуваме цела година!
 
👉 Тргнуваме на сабота, 6-ти септември, со автобус од Скопје до Волос, а таму во 16:00 часот се качуваме на едрилицата и веднаш испловуваме кон првата дестинација.
 

Што нè чека?

🌊 Секој ден нова дестинација:
Волос – Трикери – Скијатос – Скопелос – Алонисос – Евија – назад во Волос

(Патувањето може да варира – затоа едрењето е вистинска авантура!)

🛏️ Сместување:

Сите спиеме на едрилица – малку cozy, но доволно за вистинска дружба и авантура. Соби со брачни кревети, компактни купатила и заеднички простор за уживање и ноќни муабети под ѕвезди.

🍽️ Храна:

Балансирана и лесна – по желба можеме да готвиме заедно на брод, а вечерите се резервирани за таверни и гламурозни излегувања во рибарски градчиња.

🏋️‍♀️ Активности:

Тренинг на различни плажи – не е задолжително, туку само за оние што сакаат да бидат активни. За останатите – full relax & chill.

☀️ Целта:
Активен одмор во Peach Army дух: пливање, сончање на едрилица и секој ден нова плажа, ново место и ново доживување.
 

Важно да знаете:

•📍 Тргнуваме: 6-ти септември од Скопје (автобус до Волос).
•🕓 Качување на едрилицата: истиот ден во 16:00 часот.
•🛌 Сместување: сите 7 ноќи на едрилица. Крстарењето ќе биде на неколку едрилици по 8-10 девојки на една едрилица.
•🍽️ Исхрана: можеме да готвиме заедно на брод или да вечераме во локални таверни.
•✅ Цена: 450 евра и има опција за плаќање на два пати.
 

ШТО Е СЛЕДНО?

Има уште 5 слободни места. 

Пополни ја формата подолу за да си резервираш место, да те вклучиме во VIBER групата и да ги добиеш сите останати детали за потврда на твоето место. 

    Еве како изгледаат едрилиците и сместувањето:

    Кој тим си ти?

    Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.