Спанаќот одмрзни го и исцеди го од вишокот вода. Урдата ја ставаш во чинија, додај ги јајцата и спанаќот и измешај со вилушка се заедно. Додај го брашното и мешај темелно додека не стане хомогена смеса без грутки. За побрзо пак, ако сакаш пробај и во блендер. Загреј сува нелеплива тава и пржи/печи ги палачинките (околу 2 лажици тесто по палачинка) од прилика 3 минути се додека дното не порумени малку. Сврти и пржи уште 2 минути.