Тиквичката свежа ја сечеш на тенки лентички или најдобро на ренде за крупни тенки кругчиња. Потоа, тиквичките се пропржуваат на малку маслиново масло или се потпекуваат. После ова ги редиш на чинија, одозгора коцкичките фета и го истураш дресингот врз нив. Затоа што често ќе го имаме карамелизираниот орев во рецепти, можеш да си го направиш сама. Во плех за печење на мрсна хартија стави ги оревите, а одозгора истури им 2 големи лажици кафеав шеќер, а потоа складирај ги во тегла. Не е погрешно ако ја направиш салатата и со обични ореви, но за жал нема да го почувствуваш вистинскиот вкус.