Go Back

МАЛИНА БАРЧИЊА

Калории 898 kcal

Состојки
  

  • 200 гр јагоди или малини
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици кокосов шеќер
  • 2 лажици кокосово масло
  • 35 гр бадеми
  • 1 канче грчки јогурт

Инструкции
 

  • Во мал длабок сад измешај ги бадемите (прво исецкај ги на ситни парчиња или изблендирај ги), кокосовото масло и кокосовиот шеќер. Од оваа смеса стави по една лажица во силиконска модла или калап за мафини. Ова ќе биде основата.
  • Во друг сад измешај го грчкиот јогурт заедно со медот и стави по 2 лажици врз основата.
  • Одозгора изнаставај јагоди или малинки и смрзни ги во фрижидер.