Во тавче се ставаат неколку капки маслиново масло. Се става тортиљата малку да се запече од двете страни. Додека тортиљата се запекува во сад на страна се матат јајцата во кои се става исецканиот домат, фета и зачини по избор. Омлетот се пржи на нелепливо тавче, на само неколку капки маслиново масло. Тортиљата се мачка со грчки јогурт, се наросува копар и се додава омлетот. Се замотува и се јаде во еден здив! На здравје брз појадок!