Крилца се одлична опција за вечера, а во исто време и многу вкусна. Премачкај ги со мед или само зачини, па попрскај ги со сусам. Доколку сакаш да се екстра крцкави, на една мала лажичка маслиново масло запржи ги од двете страни да фатат корка па стави ги да се печат. Не е погрешно и ако директно ги ставиш да се печат на појака температура во зависност од јачината на рерната. Додека тие се печат подготви си зелка салатата(или било која друга зелена салата по избор). Вие мајки кои доите обавезно пред овој оброк да исркате една или две чинии чиста и готова супа од петел/ зеленчук. На здравје!