Остави ја леќата покриена со вода 3-4 часа за побрзо да ја свариш. Исцеди ја и измиј ја после киснењето и со нова вода стави ја да се вари (може да ја свариш и претходната вечер). Откако ќе ја свариш повторно исцеди ја од вишокот вода и стави ја во блендер со сите состојки освен брашното. Блендирај до кремаста структура, а брашното додавај го отпосле постепено и мешај се додека смесата не стане соодветна за формирање ќофтиња. Вклучете ја рерната на 200, формирајте ќофтиња и поставете ги на хартија за печење па печи ги едно 30-тина минути. Свари си го оризот во ѓезве и сервирај го како прилог на ќофтињата и комбинирај со свежа салата. Ако ти е премногу, остатокот изеди го за вечера.