Ова можеш да го спремиш и ден унапред, тиквицата сецкана на кругови и потпржена или потпечена на хартија, не претерувај со маслото затоа што се е плус калории. Потоа во длабок сад редиш неколку кругови тиквица, јогуртот, па наросуваш зачини и мешаш. Вака садот го ставаш во фрижидер, не си свесна каква магија од вкусови е. Обавезно додади и оревчиња за да ти го зголеми калорискиот внес.