На нелепливо тавче, на вода се пропржува зеленчукот (плус печурките за доилките). Доколку има потреба намирниците да се динстаат подолго, се додава уште малку топла вода. Зеленчукот се наросува со сол и црн бибер. На страна во друг сад се матат јајцата и се дроби сирењето, па се додава пропржениот зеленчук. Во тавче за мафини се става хартија за печење за да не се залепат мафините и се истура смесата. Вкупно, излегуваат околу 6 мафини. Се печат 10 мин. на температура од 180 степени или додека не поруменат. На здравје, брза лесна и превкусна вечера!