Во претходно зовриена вода се додава киноата(претходно убаво измиена) и чиата. Пред целосно да испари водата, се додава млекото, грчкиот јогурт и медот, се меша уште неколку минути додека состојките не се соединат и не ја добиете посакуваната густина на кашата. Се сервира со цимет и исецкано јаболко. Уживај во мирисот и вкусот на есента!