Понеделнички да започнеме со што друго ако не со јајцааа. Изрендај го морковот и стави гo во тавче на 1 лажица маслиново масло на тивка температура, а на страна измати ги јајцата (за побрзо може и да го изблендираш морковот заедно со јајцата). За 3-4 минути веќе можеш да ги додадеш јајцата и да покриеш со капак за убаво да ти излезе омлетот, а и не мораш. Кога е веќе готов, премачкај го со урдата, прсни шарена сол, буковец, црн бибер и додај си маслинчиња, домат и рукола. На здравје!