Најголемото откритие пред некоја година ми беше дека чиа пудингот нема потреба да отстои преку ноќ за да се набабри. Од тогаш ми стана и еден од поомилените брзи појадоци. Подготовката е едноставна. Во стаклен сад најпрво се додава млекото и екстрактот од ванила, па потоа чиа и се меша убаво една минутка додека не почне да кисне и расне, потоа се додава овесот и медот и повторно се меша.