Зеленчукот заедно со лососот се пече на фолија, претходно намачкани со една мала лажичка маслиново масло, лук и зачини по избор. Во една шоља зовриена вода се додава просото(претходно убаво измиено), се вари додека водата не испари. При крајот се додаваат зачини по избор и се сервира со лососот и зеленчукот. Ручекот можеш да го јадеш во комбинација со свежа салата! Уживај во здрав, нутритивен и балансиран оброк!