Се сечка на ситно белиот кромид, се додава во меленото месо заедно со едно јајце, овес, ситно сечкан кромид, а ако си љубител на луто додади и малку буковец или на ситно сечкано луто пиперче. Оформи ќофтенца или плескавички за побрзо да се испржат.
Во длабок сад направи салата со домат, црвен кромид и пиперка и на крај нароси многу мало парченце фета врз салатата. Во истиот сад додади го домашното зазики од грчки, краставица рендана и копар со малку масло и сол. Од кога ќе се испржат или испечат плескавичките додади ги во истиот сад и не заборавај дека не треба да користиш премногу масло додека пржиш. Тоа се екстра калории што не ги сакаме!