Калории: 428kcal
- 3 јајца
- 1 морков
- 2 лажици урда
- 3-4 маслинки за во омлетот
- 1 домат
- рукола опционално
- 2 интегрални лепчиња
- зачини: шарена сол буковец, црн бибер
Понеделнички да започнеме со што друго ако не со јајцааа. Изрендај го морковот и стави гo во тавче на 1 лажица маслиново масло на тивка температура, а на страна измати ги јајцата (за побрзо може и да го изблендираш морковот заедно со јајцата). За 3-4 минути веќе можеш да ги додадеш јајцата и да покриеш со капак за убаво да ти излезе омлетот, а и не мораш. Кога е веќе готов, премачкај го со урдата, прсни шарена сол, буковец, црн бибер и додај си маслинчиња, домат и рукола. На здравје!
Калории: 428kcal | Јаглехидрати: 32g | Protein: 31g | Масти: 19g