Go Back

ВЕГЕ РУЧЕК: ЌОФТИЊА ОД ЛЕЌА

Калории: 616kcal

Состојки

  • 100 гр зелена леќа
  • две раце блитва или штавеј опционално
  • 1 кромид
  • 4 лажици ориз
  • две чешниња
  • 1 лажица таан
  • свеж магдонос
  • малку сок од лимон
  • прстофат сол бибер, ким, коријандер
  • 2-3 лажици брашно од наут или друго интегрално може и овесно
  • Прилог: свежа салата

Инструкции

  • Остави ја леќата покриена со вода 3-4 часа за побрзо да ја свариш. Исцеди ја и измиј ја после киснењето и со нова вода стави ја да се вари (може да ја свариш и претходната вечер). Откако ќе ја свариш повторно исцеди ја од вишокот вода и стави ја во блендер со сите состојки освен брашното. Блендирај до кремаста структура, а брашното додавај го отпосле постепено и мешај се додека смесата не стане соодветна за формирање ќофтиња. Вклучете ја рерната на 200, формирајте ќофтиња и поставете ги на хартија за печење па печи ги едно 30-тина минути. Свари си го оризот во ѓезве и сервирај го како прилог на ќофтињата и комбинирај со свежа салата. Ако ти е премногу, остатокот изеди го за вечера.

Исхрана

Калории: 616kcal | Јаглехидрати: 82g | Protein: 30g | Масти: 20g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!