Go Back

Ручек: ДОМАШНИ ЌЕБАПЧИЊА

Калории: 689

Состојки
  

  • 200 гр говедско чисто мелено месо
  • 1/2 главица кромид рендан
  • 1 јајце
  • 2 големи лажици мелен овес
  • прстофат сода
  • 1 мало лажиче масло
  • од зачини сол, бибер, зачин за скара по желба
  • шопска салата
  • 1 кока кола зеро

Method
 

  1. Во длабок сад се мешаат сите состојки додека не се соединат. Најдобро е ако имаш време и малку да отстојат покриени со стреч фолија, да има време да набабри и овесот, но и доколку немаш е во ред. Со дланките формираме ќебапчиња. Се пржат во заграеана тава со малку масло на не многу силна температура.
  2. Ќебапчињата ги служиме и јадеме во комбинација со голема шопска салата, но само 30 гр фета, без леб и екстра кромид за оние кои го обожаваат! :)