Материјал 1, Тема 1
Во тек

ХРАНА

април 29, 2024

Појадок: ЈАГОДА И КОКОС ЧИА ПУДИНГ

Калории 396 kcal

Состојки
  

  • 3 лажици чиа
  • 2 лажици овес
  • 150-200 мл нискомасно кравјо или кокосово млеко
  • 1 лажица мед или маџун
  • екстракт од ванила
  • 1 мала полна лажичка кокосови трошки
  • неколку јагоди

Инструкции
 

  • Најголемото откритие пред некоја година ми беше дека чиа пудингот нема потреба да отстои преку ноќ за да се набабри. Од тогаш ми стана и еден од поомилените брзи појадоци. Подготовката е едноставна. Во стаклен сад најпрво се додава млекото и екстрактот од ванила, па потоа чиа и се меша убаво една минутка додека не почне да кисне и расне, потоа се додава овесот и медот и повторно се меша.
  • Најубавото за крај. Нароси го кокосот, па додади ги и свежите јагоди. На здравје уживање!

Исхрана

Калории: 396kcalЈаглехидрати: 44gProtein: 15gМасти: 18g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

Ужина: Диња (200g) со кафенце

Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

Ручек: ДОМАШНИ ЌЕБАПЧИЊА

Калории 689 kcal

Состојки
  

  • 200 гр говедско чисто мелено месо
  • 1/2 главица кромид рендан
  • 1 јајце
  • 2 големи лажици мелен овес
  • прстофат сода
  • 1 мало лажиче масло
  • од зачини сол, бибер, зачин за скара по желба
  • шопска салата
  • 1 кока кола зеро

Инструкции
 

  • Во длабок сад се мешаат сите состојки додека не се соединат. Најдобро е ако имаш време и малку да отстојат покриени со стреч фолија, да има време да набабри и овесот, но и доколку немаш е во ред. Со дланките формираме ќебапчиња. Се пржат во заграеана тава со малку масло на не многу силна температура.
  • Ќебапчињата ги служиме и јадеме во комбинација со голема шопска салата, но само 30 гр фета, без леб и екстра кромид за оние кои го обожаваат! 🙂

Исхрана

Калории: 689kcalЈаглехидрати: 23gProtein: 54gМасти: 42g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

Ручек: ВЕГЕ ОПЦИЈА - ПЛЕСКАВИЧКИ ОД НАУТ

Калории 721 kcal

Состојки
  

  • 200-250 гр наут од конзерва
  • 1 среден компир
  • 1 морков
  • 1 мала главица кромид
  • лукче по желба
  • 1 лажица сусам
  • 1 лажица сончоглед
  • 1 лажиче сув зачин или сол
  • За прилог: Една тиквица по вкус лук и магдонос, малку масло.

Инструкции
 

  • Компирот и морковот се лупат и се сечат на мали коцкички и ги ставаш да се варат. Од кога ќе се сварат битно е да бидат убаво исцедени за полесно да се формира плескавичка.
  • Кромидот се ренда, а лукчето на ситно се сечка или помини го низ преса.
  • Сите состојки ги додаваш во длабок сад, заедно со сусамот и сончогледот. Се мешаат и се прават форми на плескавички. Рерната се загрева на 200 степени, а плескавичките се печат на мрсна хартија.
  • Тиквичките се пропржуваат како гарнир од страна. Јас ги обожавам со малку балсамик, магдонос и лукче. На здравје Веге Армијо!

Исхрана

Калории: 721kcalЈаглехидрати: 108gProtein: 30gМасти: 19g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!

Вечера: КАПРЕЗЕ СО МОДАР ПАТЛИЏАН

Калории 363 kcal

Состојки
  

  • 1 модар патлиџан
  • 1 домат
  • 60 гр моцарела
  • балсамик масло, зачини

Инструкции
 

  • Модриот патлиџан се потпекува на мрсна хартија, потоа врз него му се додаваат свежите домати и моцарела.

Исхрана

Калории: 363kcalЈаглехидрати: 26gProtein: 17gМасти: 21g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!