Go Back

Ручек: КРЕМ СУПА ОД ДОМАТИ

Калории: 327kcal

Состојки

  • 2 моркови
  • целер
  • 1 средно голем кромид
  • лукче по вкус
  • 1-2 коцка супа од зеленчук или пилешка
  • 200-250 гр свежи домати
  • свеж босилок моја препорака или други зачини по желба освен вегета
  • 350-400 гр вода густината сами ја одредуваме
  • 1 лажица грчки јогурт
  • 1 црно лепче

Инструкции

  • Најпрво на загреана тава со малку масло се пропржува ситно сечканиот кромид, целер, морков и лукче додека не омекнат. Веднаш потоа им се додаваат ситно сечканите и излупени домати заедно со водата и оставаш да зовријат убаво. Негде при крај ја додаваш и коцка супата, го проверуваш на вкус ако има потреба од дополнителен зачин слободно додади, но гледај да не ја користиш вегетата која има многу шеќери. Идеално би било доколку имаш рачен блендер за супата да добие кремаста структура.
  • Се сервира во комбинација со грчки јогурт и црно лепче.

Notes

ЗАМЕНСКИ РЕЦЕПТ: Чорба од леќа со салата и едно црно лепче, без запршки.

Исхрана

Калории: 327kcal | Јаглехидрати: 37g | Protein: 9g | Масти: 16g
Го проба овој рецепт?Let us know how it was!