Во стаклен сад се става туната и се гмечи со вилушка, потоа се додава јајцето, мелениот овес, кромидот, магдоносот и зачините по желба и се формира бургерче, едно или две, битно е да ти се испржи јајцето во него.
На лепче мачкаме хумус или една лажичка грчки јогурт помешан со малку сенф, плескавицата, рукола и кромид. Сподели слика и пиши ни во групата како ти се допадна овој рецепет!