ВОВЕД ВО PEACH ARMY СЕЗОНИ
PEACH ARMY TRAINING SEASONS
Годишен систем за долгорочна трансформација
🔁 Тренингот не е спринт – туку циклус
Peach Army Seasons се создадени за да го тренираш телото во согласност со природните сезони во годината, а не против нив. Наместо хаотични програми и „брзи решенија“, тука имаш структуриран систем од 4 сезони, секојa со јасна цел, фокус и траење од 12 недели.
➡️ Кога една сезона завршува – следната логично продолжува.
➡️ Кога циклусот се затвора – телото е посилно, поспремно и поотпорно од претходната година.
🌍 Зошто сезонски тренинг?
Телото не функционира исто во текот на целата година.
- Во одредени периоди полесно градиме мускули
- Во други подобро развиваме сила
- Потоа телото е подготвено за топење масти
- А летото бара баланс, движење и регенерација
Peach Army Seasons го користи тој природен ритам, наместо да се бори со него.
🗓️ Годишен циклус
4 сезони × 12 недели
BUILD – Strength Focus / Muscle Growth
Октомври – Декември

Сезона на градење и поставување темел
🧠 Зошто сега?
Овој период од годината е идеален за:
- поголем калориски внес
- подобро закрепнување
- фокусирана работа со тежини
🎯 Цел:
- градење мускулна маса
- подобрување на формата и држењето
- создавање силна физичка основа
🧩 Што се случува во телото?
- мускулите растат
- метаболизмот станува поактивен
- телото се подготвува за повисоки оптоварувања
Build не е брза фаза – туку инвестиција.
STRENGHT – Power Focus / Muscle Strength
Јануари – Март

Сезона на сила, моќ и кондиција
🧠 Логичен чекор после Build
Откако мускулите се изградени, време е да научат да произведуваат сила.
🎯 Цел:
- зголемување на максимална и функционална сила
- подобрување на кондицијата
- забрзување на метаболизмот
🔥 Зошто силата е клучна?
Колку си посилна:
- толку повеќе калории трошиш
- толку полесно телото топи масти
- толку си поотпорна и поатлетска
Strenght е сезоната каде што телото станува алатка, не само форма.
PULSE – Cardiovascular / Endurance
Април – Јуни

Сезона на топење масти и дефиниција
🧠 Зошто токму сега?
После градење и сила, телото е подготвено за:
- повисок интензитет
- повеќе повторувања
- комбинирани кардио + тежински тренинзи
🎯 Цел:
- максимално согорување на масти
- подобрување на кондицијата
- визуелно обликување на телото
❤️ Фокус:
- HIIT
- интервали
- издржливост
- динамични тренинзи
Pulse е фазата каде што телото станува полесно, побрзо и поенергично.
BALANCE – CORE + OUTDOOR
Јули – Септември

Сезона на хармонија, движење и регенерација
🧠 Зошто Balance е неопходна?
Без баланс – нема долгорочен напредок.
Летото е време кога:
- телото бара повеќе слобода
- нервниот систем треба одмор
- движењето треба да биде природно
🎯 Цел:
- стабилен core
- подобра мобилност
- функционално и лесно движење
- одржување на кондицијата
🌿 Што ја прави посебна?
- outdoor тренинзи
- повеќе мобилност
- помал притисок, повеќе уживање
Balance е мостот кон новиот циклус.
🔁 Циклус што се повторува – резултати што се множат
Кога повторно ќе се вратиш на BUILD:
- не почнуваш од нула
- туку од повисоко ниво
Секоја година:
✔️ си посилна
✔️ си поздравa
✔️ си посамоуверена
✔️ имаш тело што функционира – не само изгледа
🍑 Peach Army Филозофија
Не тренираме за еден месец. Тренираме за тело што ќе ти служи со години.
