= БИДИ ВОЈНИК! =


Дисциплина (lat. “disciplina”; “discere” да се учи, “discipulus” ученик). Да се дисциплинира некој значи тој да се води по строго утврден ред и правила, но и да се казнува доколку не ги почитува истите. Твоето пријавување во Армијата беше свесно и доброволно, а сега твојата должност е да бидеш послушен војник и да ги следиш правилата кои ќе ти бидат дадени во овој план. Најбитно ни е да успееш! Збирот од повеќе поединечни успеси е успех за цела Армија.

Зошто тебе би требало да те интересира успехот на целата Армија?!

Прво, сите во Армијата имате иста цел, а тоа е најбитна стартна точка на една група. Колку е поголема поврзаноста кај луѓето од иста организација, толку поглем успех за сите и постигнување на заедничката цел.

Ајде да тргнеме од овде, кој би посакал да е дел од група која зад себе нема победи? Воената дисциплина отсекогаш била најцврста и натемелна во сите држави. Дури и во најстарите времиња кога на најпрост начин се создавала имала свој вид дисциплина, но функционирала затоа што бегството од боиштето (во нашиов случај тренинзите и здравата исхрана), кукавличлукот и тешките пороци биле казнувани со исклучување од војската или други најтешки физички казни.

Кај нас нема да се случи ништо од горенаведеното затоа што за среќа живееме во време каде секој сам си е одговорен за своите постапки и последици, па неможноста да се постигне целта и крајниот резултат го сметаме како доволна казна за оние девојки кои прерано ќе се откажат.

Македонската војска била со посебно висока дисциплинираност и најмногу победи…Не заради тоа што имале најдобри услови или заради тоа што биле физички најспремни, туку затоа што народот во неа бил сплотен како едно тело. Ги почитувале правилата, силно верувале во наредбите и зборовите на својот крал и не ја штеделе својата енергија. Било која друга војска панично би избегала при налет на лавина од ѓулести камења која се спушта од ридот накај неа, но не и македонската. Тие на команда од својот крал, прилепувајќи се еден позади друг со својот штит успеале да се спасат и да преживеат.

ЗОШТО ТИ ГО КАЖУВАМ ОВА?
Многупати имам спомнато дека секој добар тренер може да ти направи план за исхрана и вежби, но од тој ден па натаму си сам. Вистина е, можеби во рака ќе го имаш и најсилното оружје, но што ти значи тоа кога ќе наидеш на лавина од камења и ќе ја нема Армијата да те заштити во времиња кога ќе биде најтешко и ќе немаш друг избор освен да се предадеш?

Армијата е моето и твоето најсилно оружје. Девојките во неа се причината за нашиот успех. Силни сме затоа што сме едно, затоа што сме заедно. Можеби сметаш дека предалеку сум навлегла во ова, но да се води толку голема група е најтешкиот дел од целата моја работа.
Да не е високата дисциплина во нашата група, немаше да бидеме најголемата и највлијателната женска Армија која прави масовни промени и менува животи.

Да сакаш да бидеш војник и дел од нас значи дека веќе си спремена за промена. Вистина е, ќе има постари, ќе има и понови војници, ќе има веќе докажани и послаби, но не заборавај сите сме почнале од ДЕН 1 и сите сме со иста цел.

Тие таму, не се твои непријатели.
Единствени непријатели се твоите лоши мисли! Биди ВОЈНИК за ПРИМЕР!
Се гледаме на бојното поле,

Обраќање на Генералот на PEACH ARMY
АНА СТОЈАНОВА 

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.