Ова не е диета – ова е енергија за движење. Во PULSE Season не јадеш само за да изгледаш добро, туку за да можеш да се движиш, да издржиш и да го задржиш ритамот.
Тука храната не е рестрикција – таа е поддршка.
Не гладуваме. Не прескокнуваме оброци. Не влегуваме во тренинг без енергија.
Секој оброк има улога:
➡️ да го одржи пулсот и енергијата во текот на денот
➡️ да ти даде сила за динамични тренинзи
➡️ да спречи пад на енергија и „crash“
➡️ да го поддржи опоравувањето и дефиницијата
Целта на исхраната во PULSE Season
Целта во оваа сезона е балансирана енергија + висок протеин + контролиран внес, за да можеш:
да се движиш подолго, да согоруваш повеќе, да ја задржиш мускулната маса, да го подобриш изгледот и кондицијата Ова е фаза каде телото станува пофункционално и поефикасно.
Не бркаме глад. Бркаме континуитет.
Структура на исхраната
Исхраната е флексибилна, но контролирана:
2–3 главни оброци дневно
1 лесна ужина по потреба (околу тренинг или активен ден)
Јадеш доволно за да:
имаш стабилен пулс и енергија не се „гасиш“ во текот на денот влезеш во тренинг спремна издржиш до крај Нема хаотично грицкање. Нема големи паузи па прејадување.
Ритамот во исхрана = ритам во тренинг.
Кога јадеш – јадеш за енергија
Секој оброк треба да содржи:
Протеин – за зачувување на мускул и форма
Зеленчук – за лесно варење и стабилност
Контролиран извор на енергија – за да не ти падне пулсот
Во Pulse Season телото троши повеќе.
Ако не внесеш доволно – ќе почувствуваш.
Ако јадеш надвор
PULSE Season ≠ изговор.
Бирај:
протеин (месо / риба / јајца)
лесен прилог (зеленчук / салата)
контролиран внес на сосови
Подобро:
едноставно и балансирано
отколку хаотично и импулсивно
Твојот ритам не зависи од условите – туку од изборите.
Кризата ќе дојде – затоа имаш правила
Ако ти паѓа енергија → јади паметно, не случајно
Ако си гладна → не чекај да стане хаос
Ако ти се јаде благо → комбинирај со протеин
Ако прескокнеш оброк → не казнувај, продолжи
Во Pulse Season најголем проблем не е што јадеш –
туку кога и колку конзистентно.
Важно да запомниш
Во PULSE Season:
не се исцрпуваш со глад не се оттурнуваш од енергија не го игнорираш телото
Го храниш телото што се движи. Го поддржуваш телото што троши. Градиш кондиција што се чувствува – и се гледа.
