Материјал 12, Тема 2 of2

ХРАНА

ПОЈАДОК: Киноа каша со јаболко, мед и цимет

  • 3 големи лажици киноа (45 гр. (замена хељда, просо или кус кус))
  • 1 средно јаболко
  • 1 мала лажичка мед
  • 2 големи лажици чиа
  • 100 гр. грчки јогурт
  • 50 мл. растително млеко (или обично со ниска масленост)
  • Цимет
  1. Во претходно зовриена вода се додава киноата(претходно убаво измиена) и чиата. Пред целосно да испари водата, се додава млекото, грчкиот јогурт и медот, се меша уште неколку минути додека состојките не се соединат и не ја добиете посакуваната густина на кашата. Се сервира со цимет и исецкано јаболко. Уживај во мирисот и вкусот на есента!


ПОЈАДОК: МИРИСОТ НА РАНА ЕСЕН

  • 1 јаболко
  • 2-3 урми или 1 голема царска
  • 1/2 банана
  • 200 мл нискомасно кравјо или растително млеко
  • 3 големи лажици овес
  • 15 гр бадеми или ореви
  • 1/2 мало лажиче цимет
  • екстракт од ванила по желба
  1. Начинот е едноставен, сите состојки одат во блендер, но најпрво се сече јаболкото и се отстранува од лушпата и семето. Јас ги сакам жолтите јаболка во смути со благ вкус, но изборот е твој. Добро утро!


УЖИНА: Големо ПЕЧЕНО ЈАБОЛКО

  1. 1 големо печено јаболко. ДОИЛКИ 1 печено јаболко сервиранo со цимет и 5 ореви!


РУЧЕК:  Лосос со просо и пржен зеленчук

  • Лосос 200 гр.
  • 2 до 3 големи лажици просо (околу 30 гр. до 40 гр.)
  • 1 шака брокула
  • 2 моркови
  • 1 средна тиквичка
  • 1 големо цвекло или 2 помали
  1. Зеленчукот заедно со лососот се пече на фолија, претходно намачкани со една мала лажичка маслиново масло, лук и зачини по избор. Во една шоља зовриена вода се додава просото(претходно убаво измиено), се вари додека водата не испари. При крајот се додаваат зачини по избор и се сервира со лососот и зеленчукот. Ручекот можеш да го јадеш во комбинација со свежа салата! Уживај во здрав, нутритивен и балансиран оброк!


ВЕЧЕРА: Јајце мафини со фета

  • 2 јајца
  • 30 грама фета
  • 1 црвена пиперка
  • 1 полна шака спанаќ
  • 1 домат
  • ДОИЛКИ: 250 гр. печурки
  1. На нелепливо тавче, на вода се пропржува зеленчукот (плус печурките за доилките). Доколку има потреба намирниците да се динстаат подолго, се додава уште малку топла вода. Зеленчукот се наросува со сол и црн бибер. На страна во друг сад се матат јајцата и се дроби сирењето, па се додава пропржениот зеленчук. Во тавче за мафини се става хартија за печење за да не се залепат мафините и се истура смесата. Вкупно, излегуваат околу 6 мафини. Се печат 10 мин. на температура од 180 степени или додека не поруменат. На здравје, брза лесна и превкусна вечера!

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.