Најдобрата вечера од Летен Предизвик 23та
СУПА ОД ДОМАТИ
Состојки:
– 1 кромид
– 2 големи лажици просо
– 2 поголеми домати
– 1 /2 коцка супа
– 1 лукче
– босилек свеж или во зачин
– пола мало канче грчки јогурт
– 1 лепче интегрално
Инструкции:
Кромидот се пропржува додека не омекне, се додаваат и доматите кои претходно ги исековме на ситни парченца да омекнат, пуштат сок и да се пропржат. Додаваме и лукче по желба. За една порција ти треба околу 300-350 мл вода зависи колку сакаш да биде густо. Додаваш две полни лажици просо да добие на густина и го покриваш тавчето со капак и оставаш да проврие, веќе на 5 мин при крај додади ја и коцката супа. Сервираш со лажица грчки јогурт или моцарела. Додади зачини по желба.
Калориски вредности:
Калории 192, Јаглехидрати 28г., Протеин 13г., Масти 3г.