MamaFIT – Целосна програма за постпартум слабеење

MamaFIT

Намали го вишокот килограми после пораѓај на безбеден и здрав начин и освој награда од 500 евра!

Добиј 200+ рецепти, тренинг планот, едукацијата и поддршката коишто помогнаа на повеќе од 1000 мајки да се вратат во форма.

Што е MamaFIT и како функционира?

MamaFIT е четиримесечна, специјализирана POSTPARTUM програма во којашто добиваш сѐ што ти треба за да ослабеш после пораѓај, да го зајакнеш телото и да се вратиш во формата пред бременоста ДУРИ И КОГА НЕМАШ ВРЕМЕ!
Вклучи се денес и…

Храни се правилно и балансирано

Во MamaFIT програмата ќе добиеш повеќе од 200 ВКУСНИ, БРЗИ РЕЦЕПТИ, (прилагодени за доилки) распоредени по денови и неделна шопинг листа за поекономично пазарување. НОВО: Ќе имаш и поедноставено/економично мени + насоки како еден рецепт да биде адаптиран за целото семејство.

Тренирај безбедно, правилно и внимателно

Кратки, 20-25 мин. ВИДЕО тренинзи. Распоредени по денови за да не треба ти да мислиш што и кога. Тренинзите се достапни 24/7 и осмислени да можеш да тренираш со твоето дете/бебче покрај тебе.

Мотивирај се и мотивирај

Со членството во програмата ќе ја имаш поддршката, мотивацијата и дружбата со Армијата секој ден. Ќе споделуваме успеси и падови, но едно е сигурно: Ќе се бориме ЗАЕДНО!

Едуцирај се и добиј знаење од прва рака​

Во склоп на програмата ќе добиеш информации и водичи што ќе ти помогнат да разбереш како најдобро да се грижиш за себеси и да бидеш здрава, фит и силна мајка. 

Oсвој една од главните награди

Овојпат главната награда е поразлична и ќе биде персонализирана. Односно, најзаслужната мајка ќе може сама да си ја избере наградата во вредност од ДО 500 ЕВРА. 

28.09- 05.10.2025

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА

БОНУСИ:

ИЛИ 

Добиваш 45% попуст!

резултати од MAMAFIT

Сѐ уште се двоумиш дали да се приклучиш во MamaFIT Армијата? Погледни ги овие резултати:

ЗАПОЗНАЈ ГО ТВОЈОТ ТРЕНЕР, МАРИЈА!

Јас сум Марија Циривири, сертифициран нутриционист и фитнес тренер.

Но, исто така сум сопруга и мајка на две машки деца 😉

Јас не сум фитнес инфлуенсер што е 24/7 во теретана. Како мајка и сопруга, со фиксно работно време, готвам дома, вежбам и успевам да најдам време за себе. Нешто што сакам да ти покажам дека и ти можеш да го направиш!

Во изминативе неколку години, како дел од Peach Army имам можност да помогнам на повеќе од 1000 мајки да се вратат во форма на здрав, правилен и поедноставен начин.

За крај, знај дека јас сум секогаш тука за тебе! За секое прашање, загриженост, за било што и да ти е потребно од лично и професионално искуство ќе те водам низ секој дел од овој процес!

Се читаме во група!

Марија

п.с По професија сум и дипломиран молекуларен биолог-ембриолог. Заљубена сум во ембрилогијата и ин витро дијагностиката.

EВЕ ЈА РАЗЛИКАТА

Погледни каква е реалноста на една мајка кога не е дел од MamaFIT и кога е вклучена во MamaFIT

Без MamaFIT

Со MamaFIT

Прашања и одговори

MamaFIT е четиримесечна, специјализирана POSTPARTUM програма. Направена со помош на Марија, сертифициран нутриционист и специјалист за postpartum. Вклучува:

  • Тренинзи за дома
  • Сезонско Мени + шопинг листа
  • Исхрана прилагодена за доилки
  • Група за поддршка
  • Награден фонд: Патувања, oстанати награди
  • Бесплатнa iOS/Android апликација
  • Ексклузивни online работилници
  • Покана за ексклузивни дружења

Оваа програма, директно кажано е за мајки, независно дали тие биле претходно физички активни или не. Програмата е правена и за доилки.

Програмата трае 4 месеци. Односно, добиваш мени, тренинзи и дополнителни материјали за 4 месеци. Пристап до тие материјали имаш 5 месеци од датумот на уплата.

Актуелните цени можеш да ги погледнеш погоре на оваа страница.

Користи го меилот со кој имаш уплатено за програмата/го користиш за да се најавиш на веб страната. Лозинката останува иста доколку не ја промениш. Доколку ти треба помош прати емаил на help@peacharmy.com

Апликацијата е достапна во Google Store и Аpp Store и е функционална САМО за оние што имаат купено програма/членство. Повели линк: https://peacharmy.mk/apps

Пристапот до MamaFIT програмата e 5 месеци од денот на уплата.

Уште сега/веднаш. Те очекуваме.

Уплатата се врши Онлајн со картичка со клик на едно од копчињата “купи сега“ на оваа страница.

Уплатата се прави со твоите лични информации, бидејќи со нив ќе се создаде профил на платформата.

Доколку веќе имаш профил, најави се прво и потоа кликни копчињата за уплата.

Доколку некоја од вас нема или не може да плати од сопствената картичка, нема да биде проблем да уплати од друга. Може да се уплати од било кое место во светот.

Уплатата може да се изведе месечно како претплата или еднократно. Плаќањето е 100% сигурно и безбедно.

Уплата преку жиро сметка не е возможна.

Мислам дека девојките посебно ме почитуваат заради овој дел и предизвик ми е секој пат да ги изненадам. Кога ќе ми речат дека едвај чекаат да станат за да си го направат рецептот, јасно ми е дека ќе има нов бран на успешни трансформации. Храна е уметност и никогаш нема да дозволам да имаме досадно мени без разлика што се храниме здраво. Тука сум да докажам дека здравата храна е дааалеку повкусна од она на кое сте навикнати. Менито е прилагодено на Македонскиот стандард, без скапи и тешко достапни продукти. Ќе има мени и за вегетаријанци

Веќе спомнав дека програмите се направени во нивоа, па така и секој месец се зголемува интензитетот на вежбите. Вежбите се предвидени да се прават дома, во парк, сала или било каде и да ти одговара.

Без разлика дали си почетник или веќе тренираш имаме вежби за тебе. Верувај ми многу овој пат, знам што ти спремив!

Иако програмата е наменета за мајки кои се веќе породени, програмата може да се модифицира и за трудници што имаат уредна бременост во консултација со нивниот гинеколог.

Да, во програмата МамаФит, во делот со исхрана, има дополнителни намирници предвидени за оние мајки кои дојат.

Верувам дека поглемиот дел од вас веќе знаат што можат да очекуваат, но доколку си нова на мојот сајт и профил во продолжение ќе споделам дел од трансформациите и тестомонијали од девојките кои се дел од моите програми. Повеќе можеш да видиш и на овој линк:https://peacharmy.mk/hero/

Членството функционира преку наплата која се врши системски/автоматизирано секој месец 3 месеци по ред - доколку го избереш месечното членство.

За еднократката уплата - се плаќа еднократно и нема дополнителни трошоци.

Ако сакаш да ја прекинеш претплатата пиши ни на help@peacharmy.mk

Рефундирање на средства може да се побара во рок од 7 дена од денот на уплата.

Оваа веб страна нуди фитнес и нутриционистички содржини и е наменета само за образовни цели. Овие информации не можат да ги заменат професионалните медицински совети, дијагноза или третман. Ако имаш загриженост или прашања во врска со твоето здравје, секогаш треба да се консултираш прво со твојот лекар. Не занемарувај, избегнувај или одложувај добивање на медицински или здравствени совети од твојот лекар поради нешто што можеби си го прочитала на оваа страница. Користењето на сите содржини и програми прикажани на https://peacharmy.mk е само на твоја, сопствена одговорност.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.