ВОВЕД ЗА STRENGTH SEASON

STRENGTH Season не е само „потешка верзија“ од Build Season. Ова е фазата каде телото што го изгради – учи да биде силно. Оваа сезона е дизајнирана да ја зголеми твојата реална, функционална сила, да ја зацврсти мускулната маса што веќе си ја изградила и да го подигне твоето тело на повисоко ниво на контрола, стабилност и моќ.

Тука не бркаме хаос, не бркаме замор по секоја цена. Тука градиме сила со стратегија.

Што значи STRENGTH Season?

✔ Потешки оптоварувања
✔ Помалку „брзање“, повеќе контрола
✔ Подолги паузи кога е потребно
✔ Фокус на базични, сложени движења
✔ Сила што се чувствува – не само што се гледа

Ова е период кога учиш да притиснеш кога треба и да задржиш контрола кога станува тешко.  Силата не доаѓа од импулс, туку од дисциплина.

Овие 12 недели се поделени во 3 фази:

Структура на STRENGTH Season

Сезоната е поделена во 3 јасни фази, секоја со своја улога во развојот на силата:

ФАЗА 1 – Strength Base (Контрола и стабилна сила)

Во првата фаза ја поставуваме основата на силата.
Работиме со контролирани темпа, паузи во дното на движењата и едностран (single-leg / single-arm) фокус.

Целта тука е:

  • да ја зацврстиш техниката под оптоварување
  • да научиш да ја контролираш тежината, не таа тебе
  • да го активираш јадрото (core) како поддршка за секое движење

Ова е фазата каде „лесното“ станува стабилно, а стабилното – подготвено за раст.

ФАЗА 2 – Progressive Strength (Повеќе тежина, повеќе одговорност)

Во оваа фаза прогресираме. Тежините се зголемуваат, паузите се продолжуваат, а телото учи да создава сила под поголем стрес.

Фокусот е на:

  • зголемување на оптоварувањето
  • поголемо време под напон
  • подобра врска помеѓу мозок – мускул
  • стабилност во тешки позиции

Овде веќе не „пробуваш“ – овде градиш.

Фаза 3 – Peak Strength (Максимум контролиран напор)

Ова е кулминацијата на сезоната.
Тука телото веќе е подготвено да работи со највисоки тежини во програмата, без губење на форма.

Работиме со:

  • потешки варијации
  • јасно дефинирани паузи
  • изометриски завршетоци
  • максимална активација на задниот ланец, јадрото и грбот

Целта не е да „се скршиш“, туку да сфатиш колку си навистина силна.

Типови тренинзи во STRENGTH Season

Секоја недела е јасно структурирана со 4 главни тренинзи:

  • Lower Body Strength (Quads + Core) – стабилност, контрола и сила од подлогата
  • Upper Body Strength (Back Focus) – силен грб, стабилни рамена, подобро држење
  • Glutes & Posterior Chain Strength – моќ, експлозивност и заштита на телото
  • Core + Conditioning (Low Impact) – кондиција без уништување, стабилен пулс и контрола

➡️ Плус: бонус тренинг од Стефан и Елисавета во секоја фаза, како дополнителен стимул и свеж пристап.

FIT Фокус за STRENGTH Season

  • Работи со тежина што можеш да ја контролираш
  • Подобра форма е поважна од поголема тежина
  • Одморот е дел од силата – користи го паметно
  • Прогресот не мора да е секоја недела „повеќе“ – туку подобро
  • Силата се гради со трпение, не со его

BOOTY Фокус за STRENGTH Season

  • Работи со доволно тешка тежина што те носи близу отказ, но без губење форма
  • Времето под напон е клучно – контролирај негативи, паузи и темпо
  • Прогресирај паметно: тежина, повторувања или подобра контрола – не сè одеднаш
  • Одморот меѓу серии е инвестиција – опоравен мускул = поголем раст
  • Јади доволно протеин и енергија – мускул не расте во дефицит
  • Не менувај вежби прерано – повторувањето гради маса
  • Тренирај блиску до отказ, но не до отказ секоја серија

Конзистентност > интензитет – подобро 12 стабилни недели отколку 3 „хаотични“
Недела (опционално): Пешачење или целосен одмор

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.