ВОВЕД ВО ELEMENTS
Добредојде во Peach Army ELEMENTS – системот кој го мери она што е најважно: твојата реална форма, сила, издржливост и функционалност.
Elements не е тренинг – тоа е твојата дијагностика. Тоа е начинот да знаеш од каде почнуваш, на што треба да работиш и колку напредуваш во текот на програмите.
Елементите се поделени во 5 категории:
ROOTS – сила на долен дел (нозе, задник, листови)
WINGS – сила на горен дел (грб, гради, рамена, раце)
FLAME – кардиоваскуларна издржливост
STONE – сила и стабилност на стомачните
FLOW – мобилност и флексибилност
Секој елемент има 3 нивоа на тежина:
LEVEL 1 – Почетно ниво
LEVEL 2 – Напредно ниво
LEVEL 3 – Атлетско ниво
🎯 Зошто постои ELEMENTS?
Елементите се клучниот дел од Peach Army системот поради 3 главни причини:
Почетна проценка – го измериме твоето моментално ниво на сила и кондиција
Подобрување на слабостите – да работиш на деловите што те кочат напред
Следење на напредокот – повторно се тестираш после секоја сезона и гледаш резултати
🔄 Како се користи ELEMENTS со SEASONS?
SEASONS те водат низ тренинг програми за резултати
ELEMENTS ти покажува како да станеш подобра во процесот
Еве како функционира заедно:
✅ Пред секоја сезона – правиш Elements тест за да го одредиш твоето стартно ниво
✅ За време на сезоната – имаш можност да додадеш Elements мини тренинзи 1–2 пати неделно
✅ На крајот од сезоната – повторно се тестираш и мериш напредок
🔧 Кога да користиш Elements мини тренинзи?
Elements може да ги работиш своеволно (не е здолжително) паралелно со програмата во деновите за активен одмор. Пример додаваш тренинг од било кој елеменз за прогрес на твоето следно ниво

Ако ти е слаб горниот дел
WINGS
Ако ти недостига сила во нозе/задник
ROOTS
Ако имаш слаба кондиција
FLAME
Ако имаш слаби стомачни
STONE
Ако немаш флексибилност
FLOW
✅ Важно: Elements не заменува тренинг – туку ја засилува трансформацијата.
🔚 Заклучок
Елементите не се тука да те споредуваат со другите – туку да ти покажат дека напредуваш од сопствениот потенцијал кон својата најсилна верзија. Не погодуваш. Не претпоставуваш. Мериш, работиш, напредуваш. Ова е твојата основа. Од тука почнува сѐ.
