BODY BREAKDOWN со Стефан

ДАЛИ Е ОВА ЦЕЛОСНА ПРОГРАМА ИЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРЕНИНЗИ?
Сигурно имаш прашање према себе а и према нас за тоа како  може и треба да ги применуваш овие бонус тренинзи. Веднаш ќе те советувам/е дека не треба да отстапуваш од регуларните програми и овие тренинзи да ги вметнуваш како дополнителна активност во текот на неделата и месецот.

КОЛКУ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРЕНИНЗИ ВО ТЕКОТ НА НЕДЕЛАТА?
Генералната наша препорака е дека не треба да додаваш повеќе од 3 дополнителни тренинзи од бонус тренинзите на нашите тренери. Ова правило е секако наша препорака но доколку мислиш дека имаш дополнителна сила и енергија да направиш повеќе тренинзи во текот на неделата слободно може да ги вметнеш во својата рутина.

КАКОВ ТИП НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРЕНИНЗИ ДА ОЧЕКУВАМ?
Започнуваме со дополнителните тренинзи од Стефан поделени за различни делови од телото. Наскоро следуваат тренинзи за активно истегнување со Верица Коцева и дополнителни тренинзи кои дефинитивно ќе ве донесат на вашето следното ниво заедно со Елисавета Димовска. Нашата мисија е да донесеме докажани експерти и тренери кои ќе ви помогнат да ги подобрите вашето генерално здравје и перформанси во различни категории на функционалност и спремност. Во 2024 следуваат многу нови тренери и категории, доколку имаш предлози на каков вид на дополнителни тренинзи би сакала да видиш на PeachArmy слободно пиши ни порака на маил [email protected] или на нашиот Инстаграм профил тука

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.