Бојана Петровска – Мој Психолог

Starring

dp
Peach Army

Бојана Петровска е нашиот прв експерт од областа на психологијата. Бојана е психолог, семеен и системски советник, практикант на child focused play therapy, организациски консултант за ментално здравје, основач на Мој психолог. Peach Army е поборник за менталното здравје и поврзаноста на истото со нашата фитнес рутина, и знаеме колку е важно да се синхронизираат двете. Отпочнавме со борба со неактивниот начин на живот, депресијата и анксиозноста – како едни од најчестите проблеми со кои Армијата се соочува на патот до својата цел, ова се најчестите, но не значи и дека се единствените проблеми и препреки до таму. Дел од најголемите трансформации како резултат на програмите го истакнаа подобрувањето на нивното ментално здравје како и значително намалување на анксиозност, или целосно ослободување од неа. Преку работилницата Бојана ќе не обучи: 1. Што е Анксиозноста и како да ја препознаеме? 2. Зошто се појавува? 3. Ќе ни предочи начини на справување со неа секој пат кога има кулминација на анксиозноста за да ја „спуштиме топката“ – како наша реакција и решавање на проблемот краткорочно; 4. Како и тоа кои се клучни навики/вештини на кои треба да се работи за да се справиме односно да ја менаџираме анксиозноста долгорочно.

Ресурси:

1.Линк до видеото за кое се зборува во презентацијата https://www.youtube.com/watch?v=Hpd61o6TvXM&ab_channel=1000Treks 2.Симни ја презентацијата преку копчето ПРЕЗЕМИ подолу:

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.