НАЈДОБРАТА ЛЕТНА ПРОМОЦИЈА - BOOTY BOOSTER ЛАСТИЦИТЕ ЗА САМО 990 ден.

Најлесниот начин да останеш фит додека патуваш!

Купи го производот денес и добиј:

50+ ВИДЕО ВЕЖБИ

БОНУС ЛЕТНИ РЕЦЕПТИ

БЕСПЛАТНА ДОСТАВА

ДОСТАПНИ ЗАСЕКОГАШ

5 причини зошто да ги одбереш ластиците:

Лесни и компактни

Сетот ластици тежи 300 грама, лесен и компактен за носење

50+ БЕСПЛАТНИ ВЕЖБИ

Со сетот добиваш 50 бесплатни вежби, засекогаш.

Бонус Peach Army рецепти

Со секој сет ги добиваш омилените летни рецепти на Армијата

Вежбај каде сакаш и кога сакаш

Се што ти е потребно е рамна подлога и твојот телефон. Вежбите со ластиците се осмислени за да можеш по твое темпо да внесуваш зголемен отпор и повторувања.

Бесплатна достава

Доставата е бесплатна, до врата и ја вршиме во рок од 5 работни денови. Се плаќа во готовина при испорака.

5/5
Lasticite se odlicni gi preporacuvam na sekoj ❤️🍑Cista 5-ka vezbite mnogu popravilno se izveduvaat so pomos na niv😊
Ивана – јуни 29, 2023
5/5
Одлични се! Квалитетни, запакувани во убава футрола, боите исто така одлично избрани, цената е прифатлива. Вежбите кога се користат ластиците се another level💜
Александра – јуни 25, 2023
5/5
Ластиците се прекрасни, вежбите кои доаѓаат со нив исто. И футролчето во кое се спаковани, самиот материјал на ластиците и нивната цврстина се прекрасни. Презадоволна сум!
Маријa - јуни 9, 2023

9 ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА ВЕЖБАШ СО ЛАСТИЦИ

БЕСПЛАТНА ДОСТАВА

50+ ВИДЕО ВЕЖБИ

БОНУС РЕЦЕПТИ

Често поставувани прашања

Ластик или лента за отпор е еластичен ластик кој се користи при вежбање за подобар, посилен и поефективен тренинг. Покрај основната намена тие се многу користени во физикалната терапија, за рехабилитација и слично, вклучувајќи ги и пациентите со срцеви заболувања на кои им се дадени одредени вежби, па затоа нивоата на отпор кај ластиците е од помош кај многу луѓе за различни фитнес цели.

Можеби веќе знаеш, но после програмата ја сфаќаш нивната улога во светот на жените кои #СиГАЗиме. Тие се екстра помош кога се работи за оформување на нозете, задникот, особено во вежбите како squats, kicks и lunges, без разлика дали ја изведуваш вежбата со тежини или без. Сфатив дека голем дел од девојките одбегнуваат тренинг со тежини, посебно кога го таргетираат горниот дел од телото, затоа ластиците се идеалното решение за сите, посебно ако тренираме од дома. Битно е да се знае дека различните нивоа на отпор дозволуваат да се користат ластиците и за загревање.

 

Во првата лекција ја опишав широката намена на ластиците и стојам до тоа дека се идеални буквално за СИТЕ! Сакам да експериментирам кога станува збор за вежбањето и да внесувам новитети во програмите. Моите тренинзи се менуваат во зависност од сезоната, но ластиците се оние кои не ги исклучувам од рутината затоа што се уверив во нивната ефикасност. Се што ќе видиш на мојот профил е испробано и тестирано на мене. Ми помогнаа да си ја вратам силата после операција и можам да се пофалам со успешна рехабилитација. Ми помагаат и сега. 

Она што ми се допаѓа кај нив и го ставам пред тежинскиот тренинг е разновидноста на вежбите кои ги нудат. Пробај направи еден обичен чучен без или со тежина, сеедно, а потоа повтори го истото движење со ластик. Што забележуваш? 

-Еве јас ќе ти помогнам.

Не ти дозволува да “мамиш” на тренинг, а тоа се случува често без да знаеме. Не секогаш сме со енергија до плафон кога вежбаме. Има и такви денови кога едвај сме се натерале да станеме, но сепак сме ги облекле патиките и тоа е за пофалба, но што се случува навистина на тој тренинг? Ние луѓето сме такви да во било која ситуација сакаме да си помогнеме сами на себе и да си ги олесниме работите, па од тука доаѓа и тоа “мамење” при изведување на вежбите, а тоа не е ништо друго туку помала контракција со мускулот, а тоа значи и помала ефикасност на самиот тренинг.

Затоа ги обожавам ластиците, со нив вистината излегува на површина и затоа дополнително ја предизвикуваат нашата прогресија на издржливост. За дополнителен отпор може да ги зголемиш повторувањата со побрзо темпо, а ластиците се оние кои ќе “те чуваат” т.е ќе го намалат ризикот од повреда. Одлични се, ќе ги обожаваш!

Без разлика која е твојата цел, било тоа да е зголемување на мускулна маса, намалување на килограми, дефиниција… ластиците се идеални за секој и за различна цел. Познато ти е дека мастите се топат кога телото дава поголем отпор, но исто така сакам да знаеш дека формирање на ново мускулно ткиво е многу побавен процес, па доколку твојата цел е накачување на мускулна маса те советувам да вметнеш и тежина покрај ластиците за уште повпечатлив ефект. 

Значи, без разлика дали си на почеток или ова ќе биде надградба на твојот тренинг, не се двоуми, зашто нема да најдеш подобра опција за целта која сакаме да ја постигнеме. #сиГАЗиме

 

Уште една од многуте причини зошто ги обожавам е тоа што прво се достапни, лесни за пренесување, а пакетот од пет ластици со различен отпор го собира и во ташна!

Може да се трансформираш во Super Woman и спремиш за трениг било каде, во секое време! Памти ми ги овие зборови: Најмногу ќе им се израдуваш на одмор! Се плашиш дека ќе испуштиш тренинг и се прашуваш како да ја одржиш формата додека си негде настрана од дома, на одмор или службено патување?! Спакувај ги во најмалата преграда на куферот и веќе си ја понела цела опрема за тренинг со тебе!

Епа како да не ги сакаш?! 

Можеби ластиците ќе бидат твое прво искуство во светот на фитнесот и си пресен вежбач, нека не те плаши ништо! Затоа постојат пет различни нивоа. Не сме сите во иста кондиција и спремност, а тоа не треба да те демотивира. Дај си време и биди редовна со тренинзите. 

Титулата #СиГАЗиме не ја стекнавме преку ноќ и од лежење!

Познато е дека класичното кревање на маса со тежини е најефикасно, но со правилна намена на ластиците многу лесно може да дојде до голема промена на телото, затоа ги снимив предлог тренинзите со ластици и уште 56 вежби за замена, специјализирани за долниот дел од телото. 

Пред се, мора да си свесна дека целиот процес зависи од тебе и твојата посветеност да се сакаш себе си што посилно. Второ, доколку не пропуштиш тренинг со ластиците за отпор, за некоја недела ќе ги забележиш и резултатите.

Ако си била или си дел од Армијата веќе виде како делуваат програмите. 

Епа сега имаме плус и дополнителен отпор! 

Во превод: Ќе делуваат ДУПЛО ПОВЕЌЕ!

 

Ластиците ги користиме за вежби во скоро сите Peach Army програми и предизвици. Погледни ги нашите достапни програми тука https://peacharmy.mk/

 

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.