Здраво девојки! 👋
Ние сме Ана и Теодора, и сме пресреќни што можеме да ви го претставиме нашиот 8-неделен Booty Challenge! 🤩 По нашите сопствени неверојатни трансформации, сакаме да го споделиме нашето искуство со вас и да ви помогнеме да ги постигнете вашите цели што е можно побрзо и секако на забавен начин и со голема подршка од целата армија. 💪
Што ви подготвивме?
- Тренинзи за дома 🏠: Совршени за оние кои сакаат да вежбаат во удобноста на својот дом! Потребна ви е само минимална опрема—рачни тегови, ластици и подлога за вежбање.
- Тренинзи за во теретана 🏋️♀️: Ако повеќе ви одговара теретана, имаме супер програми кои ќе ви помогнат да го извлечете максимумот од вашите тренинги.
Нашиот предизвик е поделен во две фази:
- Недела 1-4 – Почетна фаза за адаптација 🌱: Полека ќе го подготвиме вашето тело за поинтензивни вежби, градејќи сила и издржливост.
- Недела 5-8 – Интензивна фаза за прогрес 🚀: Време е за акција! Ќе го зголемиме интензитетот за да постигнете неверојатни резултати.
Наша цел е да бидеме со вас на секој чекор и да создадеме заедница каде што ќе се поддржуваме и мотивираме една со друга. 💖
Дали сте подготвени да ни се придружите во овој забавен предизвик? Ајде да започнеме заедно и да се забавуваме додека постигнуваме одлични резултати! 🎉
Со многу љубов и поддршка,Ана и Теодора 💕